Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Океј, временските услови се стабилизираа (читај: дојде сонце, дојде живот) па така сега слободно можеме да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Пролетта помина, летото дојде, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!

Read More

Неколку кул предлози за пролетно релаксирање во Македонија!

200+ сончеви денови, 40+ планини, 3 природни езера со античко потекло и еден град заштитен од УНЕСКО се само еден мал дел од фактите и бројките кои ја опишуваат Македонија – земја на највкусната храна, најубавите дестинации и најгостопримливите луѓе.

Македонија секој ден, без пардон, ти нуди прекрасна природа, дестинации вредни за (ре)откривање и проживеани луѓе опремени со еден куп локални приказни за како било на времето, кој биле главните шизици и како сите живееле во слога, разбирање и љубов. Иако мала, Македонија нуди места каде ќе го најдеш мирот, искуства преку кои ќе ги запознаеш најтоплите, пријателски расположени луѓе и дестинации кои ќе сакаш да ги посетиш пак, пак и пак!

Кога последен пат си дозволи пролетно релаксирање во Македонија? Колку од езерата, планините и алтернативните селца во Македонија ги имаш посетено?

Дојде време повторно да ти откриеме што сѐ имаме по дома! Ајде да го цениме и да го уживаме тоа што го имаме и оваа пролет да ја искусиме Македонија од една поинаква перспектива… во улога на туристи, повеќе од подготвени за креирање нови спомени!

Read More

Велигденски празнични патувања? Може!

Ако мораме да издвоиме 5 есенцијални карактеристики на престојните Велигденски празнични денови, тогаш тоа би биле: фарбање јајца, кршење со јајца (читај: мимоза салата), интензивно дружење со најблиските, религиски обичаи и празнично бегство од домашниот амбиент 🥚

За првите 4 карактеристки нема што да додаме и/или одземеме, едноставно тоа се константи кои се дел од обичаите и традицијата (тука не се мешаме), но затоа за последната ставка и те како имаме што да кажеме, советуваме и понудиме. 


Факт: Тимот на Grouper обожава викенди, особено кога се завиткани во празнична атмосфера со еден тон убави и блиски луѓе, уникатни моменти и искрени насмевки! 🫶


Read More

4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција! 🇬🇷

Кога некој некаде ќе го спомне зборот “пролет”, првите асоцијации се поврзани со будење на природата, обојување на околината која не опкружува (нешто како есен, ама со различен спектар на бои), расцутани дрва, вадење еден слој од облеката и можеби најинтересниот дел – пролетно “фаќање магла” негде далеку од градот!

Епа, нашиот фокус во овој блог пост ќе биде 100% насочен за пролетните патувања, домен од нашето работење кој го познаваме и разбираме како левата рака и истовремено уживаме да презентираме, препорачуваме и даваме конструктивни идеи за патувачко-авантуристички искуства кои оставаат траен белег во форма на убави и пријатни спомени кај патувачите.

Па по тој повод, во прилог ти презентираме Топ 4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција, директна инспирација од престојните пролетни празници кои ако ги споиш добиваш еден тон слободни денови за патување (читаj: пролетни празници кои може да траат и до 10 дена!) 👇👇👇👇

Read More

Травел Балкан – најголема кампања за патувања на Grouper!

Официјално ја прогласуваме за отворена. 

Ако си од оние луѓе кои за авантура не им е неопходна авионска карта, знаат да уживаат во добра храна, позитивна енергија, чувството како да си дома, потајно сакаат да си дозволат неконвенционални доживувања и секогаш се спремни за нови искуства, тогаш имаме одлична понуда на менито… онака баш како за тебе! 

Оваа пролет, ја започнуваме приказната – “Травел Балкан” или најголемата кампања во категорија – Патувања која се организира за да го поддржи и промовира туризмот на Балканот 🧳

Искрено, после долга интерна борба не успеавме во мисијата да останеме “незаразени” од магијата и шармот на патувањата и приказните кои одат рака под рака со убавината, недопрената природа, вкусната балканска храна и авантуристичките искуства кои ги нуди Балканот. 

Па затоа, решивме да не одиме наспроти себе и целосно се “опуштивме” со подготвување на богата понуда на патувања низ одбрани места во Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора 🗺️

Read More

Жан Митрев Клиника се грижи за твоето здравје!

Време е да те потсетиме дека дека здравјето и грижата за себе треба да ти е прв и единствен приоритет.

Водејќи се според вечната максима “никогаш не е доцна за промени во животот”, сметаме дека сега е вистинско време да отидеш на превентивен преглед или да ја направиш анализата која веќе подолго време ти стои во листата со работи што сакаш да ги направиш!

Затоа ти нудиме голем број на специјалистички прегледи кај нашиот долгогодишен премиум партнер – Клиника Жан Митрев!

Искористи го попустот до 47% на над 20 специјалистички прегледи по твој избор.

Read More
Grouper / Месец на женатa

Месец на жената / Подароци за твоите омилени жени во животот!

Ако и ти си дел од онаа група на луѓе кои сакаат да подаруваат, но исто така не сакаат тоа да биде било што и на било кого, тогаш изгледа си на право место во право време од годината.

Зошто? Затоа што може да ти ги прошири хоризонтите и видиците кога станува збор за правилен избор на подароци, без разлика дали се работи за вредносен ваучер, понуда која опфаќа здравје, убавина, масажа и/или некое патување, наменети за твоите омилени жени во животот. Одиме со ред!

🌹 За баба ти која највеќе се грижи за твоето здравје (во превод: “ништо не јадеш, многу си слаб/а”)

🌹 За мајка ти која секој ден проверува дали има нова брчка

🌹 За ќерка ти која 24/7 се грижи за својот изглед!

🌹 За сестра ти која вежба како да нема утре!

🌹 За сопругата која дефиниција за добар викенд и е надвор од град

🌹 За девојка ти која секогаш е 3 месеци пред трендовите

🌹 За пријателката која не те “приметила” на afterwork забавата 

🌹 За колешката која не знае да застане со шопингување!

Read More

Златни деца – Златни зделки 2020!

9 години Grouper! Оваа година некако сме посебно чувствителни и разнежнети. Можеби дека изминатата година беше многу значајна за нас, можеби дека сме на крајот на првата декада од постоењето на Grouper, а можеби и зошто многу сакаме родендени. А знаете што оди рака под рака со нашиот роденден? – Златни зделки! А знаете Златни зделки без што не можат? Без нашите златни деца (читај Grouper тим) да ги обезбедат за вас!

Read More

Grouper Празничен Gift Guide

 

Следува најубавиот период  од годината, исполнет со многу забава, подароци, заеднички дружби со пријателите и семејството и празнична еуфорија која сите не прави возбудени, весели и насмеани. Ние во Grouper обожаваме изненадувања и подароци, па затоа традиционално секоја година со нетрпение ја очекуваме предновогодишната забава каде посебен акцент има празничната игра – Secret Santa што во превод би значело – Биди таен Дедо Мраз на твојот колега и изненади го со креативен подарок во согласност со неговиот карактер, хоби, сакања, стравови, хејтови, желби … Во тој контекст направивме кратка листа од топ седум предлози како да ги изненадите вашите блиски со подароци соодветни на нивниот карактер за празниците кои следат 🙂

Read More

Travel Tuesday – за сите патувачи и истражувачи!

 

Точно е дека секој ден е перфектен ден за да отпатуваш некаде, но денешниот ден е перфектен ден за да најдеш зделка за патување по најниска цена. Знаеш зошто? Затоа што денес е Travel Tuesday. И секако Grouper и Mastercard се тука да те изненадат 🙂

Read More