Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Океј, временските услови се стабилизираа (читај: дојде сонце, дојде живот) па така сега слободно можеме да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Пролетта помина, летото дојде, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!

Read More

Е-трговијата со раст од 36% во 2016 година [Инфографик by Grouper]

Eлектронската трговија придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател на економскиот раст во една земја. Македонија заостануваше на ова поле поради бројни фактори како што се: долгогодишна ниска интернет пенетрација; малиот број на платежни картички во оптек, а подоцна и малата застапеност на население кое активно ги користи картичките; преференции за плаќање во готово; ниска компјутерска писменост; високи банкарски провизии кои ги дестимулираа големите компании во додавање на овој нов канал на продажба; мала понуда од интернет трговците итн. Read More