Нашиот тимски дух, желба за дружење и креативни активности се секогаш на ниво, а денес по повод Велигден споделуваме со вас една идеја која можете да си ја направите со друштво, по дома или со колегите на работа (како ние). Ние супер се забавувавме и плус сега си го имаме цел Grouper тим на јајца да ни ги чува канцелариите за празниците.
Tag: колеги

Тим билдинг игра т.н. “Војниците на Самоил”
Одењето на тим билдинг патувања некако ни е традиција и тоа не еднаш туку два пати годишно, и зима и лето (а разлислуваме да поднесеме предлог закон за задолжително организирање тимски дружења на 2 месеци). Накратко, тоа се одлично испланирани три дена каде 24h ги зајакнуваме, градиме или доградуваме нашите пријателски односи и колегијални врски, каде со сигурност ги запознаваме сите неоткриени таленти на нашите колеги (посебно поттикнати од мастерот т.н алкохол), каде се раѓаат најдобрите out of the box идеи, се шират шеги што се користат до следната дружба и секако како што и самото име кажува задолжителното ги “билдаме” стомачните мускули од смеа 🙂 Read More