#СкопјеГурман заврши, но евоцирањето на слатки и сочни спомени сѐ уште трае!
Изминатиов месец, успеавме да го претвориме Скопје во најгурманската локација во државата, каде нахранивме голем број на гладни и љубопитни гурмани, дегустиравме 30+ зделки, со 30+ разновидни јадења, во 30+ локали, пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и слатки задоволства (читај: крофни, палачинки, торти, колачи…), или во превод за секој по нешто.
ВАЖНО! Ништо од ова немаше да биде возможно без огромната поддршка и довербата која години наназад ни ја пружа нашиот верен и лојален партнер, Mastercard Македонија, кој несебично ни помогна во нашата мисија да го организираме најголемиот гурмански натпревар во Скопје – VIP Mastercard Гурман!
Епа дечки, ајде да видиме кои се 10те најгурмани, луѓето кои посветено и со многу пасија и љубов “доминираа” на #СкопјеГурман2023!

Честитки до наградените и до сите гурмани кои беа дел од овoгодинешното издание на #СкопјеГурман.
Искрено се надеваме дека најдовте нови места за дружба, а секако и нови омилени специјалитети низ градот.
А, сега, ќе се оди малку на диета или како е планот???