Запознај ги VIP Mastercard гурманите од #СкопјеГурман

#СкопјеГурман заврши, но евоцирањето на слатки и сочни спомени сѐ уште трае!

Изминатиов месец, успеавме да го претвориме Скопје во најгурманската локација во државата, каде нахранивме голем број на гладни и љубопитни гурмани, дегустиравме 30+ зделки, со 30+ разновидни јадења, во 30+ локали, пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и слатки задоволства (читај: крофни, палачинки, торти, колачи…), или во превод за секој по нешто.

ВАЖНО! Ништо од ова немаше да биде возможно без огромната поддршка и довербата која години наназад ни ја пружа нашиот верен и лојален партнер, Mastercard Македонија, кој несебично ни помогна во нашата мисија да го организираме најголемиот гурмански натпревар во Скопје – VIP Mastercard Гурман!

Епа дечки, ајде да видиме кои се 10те најгурмани, луѓето кои посветено и со многу пасија и љубов “доминираа” на #СкопјеГурман2023!

Честитки до наградените и до сите гурмани кои беа дел од овoгодинешното издание на #СкопјеГурман. 

Искрено се надеваме дека најдовте нови места за дружба, а секако и нови омилени специјалитети низ градот.

А, сега, ќе се оди малку на диета или како е планот???

Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман

Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.

Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”.  Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

Read More