Во склоп на кампањата “Остани Здрав”, ти презентираме 8 знаци за рак на дојка за кои можеби не си знаела дека постојат, како се откриваат и/или што значат. Затоа, удобно смести се и почни со читање на знаците кои живот значат!
За многумина, првиот знак за рак на дојка е грутка во дојките. Сепак, симптомите на рак на дојка се варијабилни и нажалост ги има во изобилие – од грутки до некои помалку очигледни знаци како што се промена на бојата, текстурата и визуелниот изглед на кожата и друго.
Она што мора секоја девојка и жена да го знае е фактот дека со самото откривање на симптомите на ракот на дојката не мора да значи дека веќе имаш некоја форма на рак! Затоа, секогаш најдоброто решение на било која дилема е што е можно порана консултација со твојот матичен или било кој друг доктор, стручен во оваа област.
Раната превенција, живот спасува, а најдобриот начин за рана превенција е закажување мамографија на дојка или пак земање промотивен пакет за целокупно женско здравје. Што и да одбереш, ништо не губиш, само добиваш!
Знаејќи ја горната констатација, есенцијално е ракот на дојката рано да се препознае, дијагностицира и лекува. За луѓето на кои поприлично рано им е дијагностициран рак на дојка, дефинитивно им се овозможува простор и време за темелна дискусија и соодветно навремено планирање за начинот и пристапот на лекување, што значително ги зголемува шансите за поволен краен исход.
Кога станува збор за дијагностицирање на рак на дојка, тајмингот на дијагностицирање е од витално значење. Затоа во прилог ти презентираме 8 симптоми/знаци за на рак на дојка кои ако ги забележиш ќе треба што е можно побрзо да делуваш.
Промени во текстурата на кожата на или околу дојката: набивање
Оваа промена може да сугерира појава на грутка во внатрешноста на дојката, што пак влијае на кратење на лигаментите (фиброзното ткиво) во дојките, а аналогно на тоа ткивото и кожата се навлекуваат навнатре и крајниот резултат е набиен или вдлабнат изглед на кожата.
Промени во текстурата на кожата на или околу дојката: вдлабнатина
Вдлабнувањето на кожата може да сугерира дека ситните канали во дојките, наречени лимфни садови, кои помагаат при ослободување на отпадните и токсични материи од телото, се блокирани.
Оваа појава предизвикува воспалување, отекување и појава на мали ситни дупчиња на поголемиот дел од кожната површина на или околу дојката, со што кожата добива изглед и текстура налик на кора од портокал. Во некои случаи, ова е сериозна индикација за тип на рак на дојка познат како воспалителен карцином на дојка.
Здебелување на ткивото на дојката
Овој симптом може да сугерира појава на грутка во клетките во вродените лобули (одговорни за лачење на млеко) или може да биде уште еден знак дека ситните канали во дојката, наречени лимфни садови, кои му помагаат на телото да се ослободи од отпадните и токсични материи, се блокирани.
Појава на осип со изглед на егзема или црвенило околу и на самата брадавица
Тука имаме многу редок симптом за рак на дојка. Во мал број случаи оваа појава е поврзана со ракот на дојка наречен Паџетова болест. Додека нејзината причина останува непозната, Паџетовата болест предизвикува црвен осип со чешање сличен на егзема, кој воообичаено се појавува околу и на самата брадавица.
Појава на необичен исцедок (налик на крв или гној) од брадавицата, без индикации
Појавата на необичен исцедок сугерира дека клетките на ракот ги обложуваат каналите (малите цевки за носење млеко), зад брадавицата.
Промени во брадавицата како нејзино превртување или промена на положбата/формата на истата
Развивањето на превртена брадавица (освен ако не е вродена појава) што не може да се извлече, може да сугерира дека грутката зад брадавицата ја повлекува навнатре брадавицата.
Појава на оток во пазувите
Што сугерира дека постои грутка во лимфните жлезди (кои му помагаат на телото да се ослободи од отпадните и токсични материи) под рацете. Понекогаш кога ќе се појави грутка под раката може да биде позабележителна отколку на самите дојки.
Самопреглед на дојките
Од суштинско значење е да имаш редовна грижа, преку закажување прегледи и дијагностички анализи на твоите дојки! Зошто? За да можеш прво, да ги препознаеш и откриеш евентуалните симптоми за рак на дојка и второ, правовремена рана дијагностика и третман на болеста за среќен и долговечен живот.
Идејата и целта на оваа кампања е да се пренесе пораката дека секоја жена и девојка треба да работи на себе т.е. да се познава себеси, да го слуша и познава сопственото тело, сѐ со цел да може лесно, брзо и навремено да ги препознае евентуалните промени и гореспоменатите симптоми.
Драги девојки, жени, мајки и неуморни борци, како за крај сакаме да Ве потсетиме дека ракот на дојката и општото женско здравје не е само женска одговорност и грижата за сопственото здравје не е избор, туку начин на живот!
Со љубов,
Тимот на Grouper 🫶