Во последнава година веќе над 30% од купувањата на Grouper се прават од мобилен. Овој прогрес секојдневно не мотивира да ја подобруваме и апдејтираме мобилната апликација со цел да ви го олесниме и подобриме шопинг искуството. Во старт, купување од мобилен има многу предности: купуваш од каде и да се, користиш купони без да печатиш, last minute подаруваш, резервираш патување, или праќаш купон на пријател за да ти го подигне производот што си го купил на попуст.
Ако сеуште не сте убедени дека купувањето од мобилната апликација ќе ви го олесни животот, тогаш погледнете ги следниве features кои се воедно и причини зошто да почнете секојдневно да ја користите мобилната апликација, а после тоа и да не можете без неа 🙂