Есенцијални работи што треба да ги спакуваш за твоето следно патување!

Сите сме согласни дека сезоната за патување официјално е отворена! 

Но, тоа со себе носи други дилеми, трилеми и неодлучни мисли за тоа што треба да се понесе на едно патување, а да не изгледа тој процес како една масовна преселба на народите. 

Аналогно на горната изјава, за да не се мачиш и да правиш списоци на лист хартија, во телефон за што сѐ си спакувал во куферот кои некако магично ги губиш, забораваш дома пред да тргнеш или едноставно не се водиш по нив и пакуваш пола живот за викенд во Грција, ти спремивме текст за најважните работи што треба да ги понесеш на твоето следно патување, во зависност од тоа кај планираш да одиш и што ќе правиш таму.

Read More

4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција! 🇬🇷

Кога некој некаде ќе го спомне зборот “пролет”, првите асоцијации се поврзани со будење на природата, обојување на околината која не опкружува (нешто како есен, ама со различен спектар на бои), расцутани дрва, вадење еден слој од облеката и можеби најинтересниот дел – пролетно “фаќање магла” негде далеку од градот!

Епа, нашиот фокус во овој блог пост ќе биде 100% насочен за пролетните патувања, домен од нашето работење кој го познаваме и разбираме како левата рака и истовремено уживаме да презентираме, препорачуваме и даваме конструктивни идеи за патувачко-авантуристички искуства кои оставаат траен белег во форма на убави и пријатни спомени кај патувачите.

Па по тој повод, во прилог ти презентираме Топ 4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција, директна инспирација од престојните пролетни празници кои ако ги споиш добиваш еден тон слободни денови за патување (читаj: пролетни празници кои може да траат и до 10 дена!) 👇👇👇👇

Read More

Како да испланираш одмор за 1 ден?

Лето е најдоброто време за откривање на нови работи и морски предели. Сега е времето да излезете надвор од вашата комфорт зона и да се впуштите во летна авантура.

Ако сте под А) авантуристи, под Б) имате брзи прсти, под В) сакате попуст и под Г) имате добар шеф на работа продолжете да читате.

Сега е најдобар тајминг да се впуштите во нова Last Minute авантура, а за да го направите тоа ќе треба да сте спремни да се подготвите за одмор за 1 ден. Затоа споделувам 5 чекори кои можеби ќе ви помогнат во спремање на мајндсетот за брзо спремање и возбудлив одмор на прекрасни дестинации поминат со најмали трошоци. Па, подобро не може да биде 😀

Read More

Подаруваме! 2 викенд патувања за Море & Планина!

Ние во Grouper подеднакво ги сакаме и морето и плажата, и снегот и планината,  и летото и зимата! Секогаш се трудиме да понудиме патувања за сечиј вкус, а секако по најдобри цени за секој од вас да може да ужива на локација и хотел по сопствен избор, вкус и желби.

Подарувањето ни е слабост па овој пат за вас имаме 2 ВИКЕНД ПАТУВАЊА! Го затвараме летото со викенд патување на море во Грција и ја отвараме сезоната на планината со викенд во Банско. Read More