За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!
Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако – квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)
И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.