Дали конечно дојде Јуни? Дали е веќе 5ти Јуни и дали е време за Недела На Храна на Grouper?
Да! Помина цела гладна година, но тука е, време е и конечно ја дочекавме највкусната Груперска акција, кампањата за гладни, стрвни, гурмани, јадачи, ресторанџии, кафанџии и дегустатори.
Слатки и солени наши Групери, на 5ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ ВО ГРАДОТ која ќе го претвори Скопје во најгурманско место за дегустација, со преку 50 врвни ресторани кои ќе понудат над 100 гурмански зделки по најдобри цени и ќе ги полудат вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна. Значи од 5ти јуни ем нема готвење ем има јадење и избор – се што може да се посака!