Победници Недела на Храна #СкопјеГурман

 

Омилената и најголема Недела на Храна #СкопјеГурман полека завршува, но уште долго нема да ги заборавиме вкусните зделки од 61 ресторан и гурманското доживување во Скопје, во кое во скоро два месеци ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен.

Кога се работи за храна, на никој не му е сеедно што ќе јаде, дали ќе биде воодушевен од послуженото или ќе си оди со полн стомак, но тажна фацка. Read More

Фото натпревар #НеделаНаХрана за Делимано подароци!

GROUPER  е секогаш за натпревар, за конкуренција, за добра фотка и за подароци!

За Недела На Храна да биде уште повозбудлива и послатка, за гурманите со натпреварувачки дух најавуваме #СкопјеГурман & #delimanomk Фото натпревар на Facebook и Instagram кој ќе трае до 15.07.2017! (Види го минатагодишниот contest ТУКА)

Ако во ресторан едвај го чекаш јадењето за да го сликаш и собираш лајкови со омилената паста, ова е предизвик за тебе… Read More

Скопје Гурман ти ќе бидеш! Стартува #НеделаНаХрана

Дали конечно дојде Јуни? Дали е веќе 5ти Јуни и дали е време за Недела На Храна на Grouper?

Да! Помина цела гладна година, но тука е, време е и конечно ја дочекавме највкусната Груперска акција, кампањата за гладни, стрвни, гурмани, јадачи, ресторанџии, кафанџии и дегустатори.

Слатки и солени наши Групери, на 5ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ ВО ГРАДОТ која ќе го претвори Скопје во најгурманско место за дегустација, со преку 50 врвни ресторани кои ќе понудат над 100 гурмански зделки по најдобри цени и ќе ги полудат вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна. Значи од 5ти јуни ем нема готвење ем има јадење и избор – се што може да се посака!

Read More

Grouper Недела на храна

По речиси 4 годишно постоење нашата политика за објава на зделки, ако сте забележале, е секогаш да понудиме разновидност. Односно во текот на една недела се трудиме да понудиме најразлични зделки во различни категории. Така на пример зделките на храна и пијалок се присутни со 1 зделка неделно најчесто. По еден гладен “brainstorming” на нашиот тим, дојдовме до идеја да направиме нешто поразлично – да ви понудиме храна и само храна оваа недела. Заборавете на готвење оваа недела и препуштете се на Grouper гастрономските искуства за сечиј вкус. Ви откриваме дел од зделките:

срочные займы в 18 лет Read More