Има многу американски традиции/празници/трендови кои полека ги прифаќаме и славиме и кај нас. Некои повеќе некои помалку, важно е да се слави, кад је бал нек је маскембал – Haloween е еден пример (Ако си го имаме 1ви Април, нека има повеќе). Valentine’s Day е друг пример и тука е вечната расправија дека наш празник е Св. Трифун (и уште една поддискусија за дали е Трипун или Трифун), ама ако нека се слави и вино и љубов на 14ти Февруари, па после пак и вера и надеж и љубов на 30ти Септември.