Last minute заштеда во 2018 со Mastercard!

Ја обожаваме празничната еуфорија, периодот на подарување и попусти, па затоа сметаме дека последниот викенд од годината треба да биде посебно запамтен и одбележан, за што припремивме мало изненадување за сите Mastercard купувачи.

Последните неколку дена од годината ги одбележуваме со посебна заштеда за СИИИИИТЕЕЕ зделки на grouper.mk, што во превод значи слендово:

Сите што ќе купуваат со Mastercard картички во наредните четири дена т.е од денес па до 01.01.2019 (31.12 на полноќ кога ја испраќаме старата година) добиваат екстра заштеда во форма на cashback зависно од типот на зделка кој ќе си го одберат.

3% на сите патувања, зошто во првите три месеци убаво е да прошетате на планина и чист воздух и да си испланирате early booking пролетно патување
6% на сите производи, сите што заборавивте да купите поклон за некој од блиските, веќе нема опција да се вадите на “немав време” и “скапо било”. Сите идеи ви се на еден клик + со екстра попуст
12% на сите услуги, е oвде има за бирање колку ви душа сака, наша препорака е прво да одберете добра релаксација и храна, а после малку посериозно да се посветитие на здравјето.

*Заштедата ја добивате во вашaта Grouper торбичка и може да си ја искористите кога сакате и за што и да сакате

Дечки спремајте картичките, скролајте и уживајте во празничниот шопинг во овие 4 дена. Посакуваме да си купите што ви душа сака, а во новата година припремете се за уште поголеми изненадувања и луди попусти.

Имајте среќни и весели празници!

Ве сака вашиот Grouper 🙂

Одбројуваме 100 дена до Нова година!

Дека сме љубители на шетање потврдивме со стотици активни зделки за патувања и секако со новата кампања Доживеј Ја Македонија, каде се надеваме дека ве поттикнавме да се вклучите во мала екскурзија низ земјава. Во меѓувреме лека полека го испративме летото (не би го надополниле со епитетите долго и топло) па како што е редот почнуваме со навремено планирање на патувањата за време на зимскиот период. Прво прашање што ни падна на памет е добро познатото”Каде за Нова година?” што ние почнуваме да го форсираме уште од сега 🙂

Read More

Празнични викенд зделки – “Подари повеќе, потроши помалку!”

Нашиот тим е голем љубител на новогодишните и божиќните празници! Уживаме во подготовката на празничните зделки за патувања, за празнични колачиња, за искуства и подароци. Уживаме во празничните дружбиизненадувања и подарувања. Така, оваа година за нашиот зимски тим билдинг го посетивме прекрасниот Божиќен базар во Нинберг, Германија. Апсорбиравме празнична енергија, многу греено вино и ги наполнивме батериите! Спремни сме да бидеме Вашите вредни џуџиња со зелени капчиња кои ќе ви пренесат позитивна енергија и идеи за подарување :). Read More