Оваа приказна ја започнуваме со една есенцијална и моќна мисла – благодарение на напредната медицина ниту една жена во 2023 година не треба да ја води битката со рак на грло на матка!
Зошто го кажуваме ова? Затоа што на годишно ниво од рак на грло на матка починуваат преку 300.000 жени во светот, односно на секои 2 минути оваа болест зема по една жртва. Ракот на грлото на матката е четврти најчест канцер кај жените.
Знаејќи ги овие фрапантни и крајно непопуларни факти, многу е важно отворено да се збори на оваа тема (особено кај баба-мајка-ќерка односите), затоа што појавата и евентуалниот развој на оваа болест може да се спречи/забави со редовно одење на гинеколошки прегледи, правење ПАП тестови, внимателно бирање на љубовните партнери, добрата исхрана и општата грижа и нега за сопственото здравје!
Подобро да спречиш, него да лечиш!
Океј, најверојатно веќе имаш јасна слика за што треба да правиш, па затоа ајде да се префлриме на детално и подробно објаснување на што е рак на грло на матка, колку оваа болест е распостранета низ светот, причини за настанување, ризик-фактори и друго. Време е за едукација!
Што е рак на грлото на матката или цервикален карцином?
Mалигно заболување (вид на рак) на грлото на матката. Пенетрирањето на малигни клетки преку базалната мембрана и нивната инфилтрација во стомата на грлото на матката се дефинира како рак на грлото на матката.
Што се случува со болеста во светски рамки?
Заради рак на грлото на матката умираат преку 300.000 жени односно на 2 минути една жртва зема болеста. Ракот на грлото на матката е четврти најчест рак кај жените.
Зошто настанува?
Најчесто заради инфекција со вирус со име хуман папилома вирус – HPV. Кај 99,7% од случаите со рак на грлото на матката биле инфицирани со HPV.
Што е HPV?
Вид на вирус, кој воедно е и најчеста вирусна инфекција на репродуктивниот тракт на двата пола. Постојат повеќе од 150 типови. Два од нив се најчестата причина за развивање на рак на грло на матката. Над 70% од ракот на грлото на матката и преканцерозните лезии се резултат на вирусите – HPV-16 и HPV-18. Истиот се пренесува преку сексуален контакт, особено доколку партнерот/партнерката има генитални брадавици. Може индиректно преку контаминирани предмети или површина. Покрај на грло на матката HPV може да предизвика рак на половите органи на двата пола.
А, дали има други ризик фактори?
ДА! Пушење, генетски фактори, инфекција со ХИВ, хламидија, херпес симплекс, гонореа, примена на контрацептивни средства, рана возраст на прв сексуален однос, повеќе сексуални партнери, машки партнер со повеќе претходни сексуални партнерки, повеќеротки, начин на исхрана, хронична имуносупресија и друго.
Кои би биле симптоми на ракот на грлото на матката?
Раниот цервикален карцином е често асимптоматичен. Доколку има локално напредната болест може да предизвика симптоми, како што се абнормално вагинално крвавење, како и посткоитално крварење, коитална болка (диспареунија), лачење секрет, болки во карлицата и друго.
Горе-доле ова би биле основните информации за оваа болест, но можеби најважниот фактор за останување здрава е редовното одење на гинеколошки прегледи (разгледај ја богата понуда тука), правење анализи за сексуално преносливи болести, HPV и слично, генетски тестови за потенцијални болести, правење ПАП тестови, испитување на репродуктивни хормони и општо комплетна и редовна грижа за сопственото здравје, затоа што еден живот имаме!
Како за крај, мора да споделиме една позитивна вест, а тоа е дека со помош на медицинско-технолошките иновации и напредната наука, ракот на грло на матката може значително полесно, побрзо и поефикасно да се пронајде и навремено да се сопре неговото ширење! Како? Со редовни прегледи, со кои може да се открие присуството на HPV вирусот, последната станица пред појавата на рак на грло на матка.
Знаејќи ги горните факти, денес е многу полесно да се идентификуваат жените кои се под ризик, многу порано пред да се развие инвазивниот карцином.
Затоа, ајде заеднички да ја пренесеме веста за важноста на скринингот на грлото на матката и улогата што ја игра HPV вирусот кај ракот на грлото на матката.
Не чекај, закажи преглед и остани здрава!
Со љубов,
Тимот на Grouper 💗