Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман

Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.

Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”.  Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

Read More

Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако – квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.

Read More

Победници Недела на Храна #СкопјеГурман

 

Омилената и најголема Недела на Храна #СкопјеГурман полека завршува, но уште долго нема да ги заборавиме вкусните зделки од 61 ресторан и гурманското доживување во Скопје, во кое во скоро два месеци ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен.

Кога се работи за храна, на никој не му е сеедно што ќе јаде, дали ќе биде воодушевен од послуженото или ќе си оди со полн стомак, но тажна фацка. Read More