Black Friday е најлудиот ден во годината, а месец ноември кај нас во канцеларија е најлудиот период. Зделки, договори, идеи, видеа, преговори за најниските цени на планетата, хаос, попуст, лудило. Возбудата расте на дневно ниво, зошто знаете дека секоја година сакаме да се надминуваме во секоја акција, па така оваа година договараме и спремаме над 1000 Black Friday зделки! Да, да…1000+ зделки! Ама тука не завршуваат активностите.
Па прашањето е како да го преживееш Black Friday, а воедно и да “ќариш” највеќе луди зделки? Одговорот е добра организација! За подобро да се организираме и ние и вие, и секако да знаете што се ве чека до и на големиот ден, направивме ⭕ BLACK FRIDAY План и стратегија! ⭕