Замисли си ја следнава реална и поприлично секојдневна животна ситуација: седиш на телефон, скролаш по нет, гледаш мал милион работи, скоро-па-сѐ ти фаќа око, се нахајпуваш да нарачаш нешто, но… се соочуваш со следниве препреки: царина, прескапо, нема на залиха, нема опција – достава до Македонија, и да ја има ќе треба да чекаш едно пола живот и слично.
Искрено, сосема те разбираме! Но, после читање на овој текст (барем така веруваме) ќе имаш на располагање (24/7) сигурна, брза и богато опремена онлајн платформа за е-трговија која се одзива на името – Ananas! Кажи му “здраво” на најголемиот балкански шопинг мол, ā на нет.
Океј, зошто Ananas?
Легитимно прашање! Се работи за сигурна и доверлива онлајн платформа која ги поврзува купувачите и продавачите на уникатен начин, преку промоција на четири основни постулати и причини поради кои постои Ananas:
- Широка палета на производи
- Брза и промо бесплатна достава
- Безбедно плаќање
- Јаки попусти и
- Лесно враќање на производите
Нашето мото: “Купувачот е Крал и секое негово позитивно искуство за нас е еднакво на победа”
Ananas
Добро, сега имаш некоја генерална претстава за што се работи, ајде сега да прејдеме на подробно објаснување на секоја точка одделно.
Широка палета на производи
Шопинг мол, ā на нет! Без разлика дали ти треба нов телевизор, тросед за разубавување на твојот двор или сериозно квалитетни препарати за убавина и нега, Ananas ти нуди вистински широка палета на производи (повеќе од десетици илјади производи) од 80+ трговци на едно место со само еден Клик! Бум! Трас! Во превод, можеш да најдеш од пиле млеко.
Брза и промо бесплатна достава
Бираш споро, ā пристигнува наскоро! Оваа реченица е она што го прави Ananas потенцијален МВП во светот на македонската е-трговија. Се работи за Ananas директ или брз и крајно ефективен процес на складирање, пакување и испорака на твоите одбрани производи од магацините на Ananas до посакуваната адреса.
Покрај оваа супер експедитивна опција, постои и регуларниот начин на достава до адреса (рок на достава 6-9 дена), што е повторно најбрзо што е можно кај нас.
Безбедно плаќање
Оставањето на твојата кредитна картичка на Ananas = како да ја оставиш во новчаник! Во превод, немај гајле, никој никогаш нема да ти ја злоупотреби твојата доверба затоа што твоите доверливи информации кои ги пренесуваш на Ananas се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со помош на протоколот SSL и системот PKI, моментално најсовремената криптографска технологија достапна на пазарот.
Јаки попусти
Не е Grouper и да купуваш сѐ на попуст, но затоа можеш да најдеш што ти душа посака и мозок замисли, а кога ќе најдеш попуст, попустот го менува (на позитивно) целото твое шопинг искуство. Без пропусти, најголеми попусти! Клик! Бум! Трас! Само на Ananas.
Лесно враќање на производите
Лесна рекламација, ā не секирација! Па нема поубаво. Си наоѓаш нешто што на прва ти изгледа како полн погодок, го нарачуваш, ти пристигнува на адреса (бесплатно), го отпакуваш и во истиот момент ти е кристално јасно дека тоа што си го нарачал не ти се допаѓа. Нема никаков проблем! Ако имаш било каква рекламација, производот можеш да го вратиш преку пошта или курирска служба без дополнителни објаснувања. Како сакаш, така си правиш!
Драги Груперци, ова беа основните начела на Ananas или најголемиот балкански шопинг мол, ā на нет кој пред извесно време пристигна во Македонија и полека, но сигурно го освојува пазарот.
Искрено горди сме што сме дел од приказната на Ananas и поради тоа ќе дадеме сѐ од себе за секој наш купувач/корисник да биде првиот што ќе дознае за најновите, најдобрите и најпосакуваните понуди на Ananas. Клик! Бум! Трас! Влези во светот на ananas.mk. 💚 🧡