Остани здрав – Кампања за попусти на здравствени прегледи

Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.

За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!

Read More

Традицијата продолжува – 3ти Online Саем за мебел само на Grouper

Дали е рана или доцна пролет не е важно. Она што е важно е дека сега можете да ги добиете најдобрите попусти и да го уредите домот онака како што одамна замислувавте. Единствениот Oнлајн Саем за Мебел е на самиот праг, се “крчкаат” зделки од омилените брендови, а вашата “обврска” е САМО да бидете на Grouper 🙂

Read More

Златни деца – Златни зделки 2020!

9 години Grouper! Оваа година некако сме посебно чувствителни и разнежнети. Можеби дека изминатата година беше многу значајна за нас, можеби дека сме на крајот на првата декада од постоењето на Grouper, а можеби и зошто многу сакаме родендени. А знаете што оди рака под рака со нашиот роденден? – Златни зделки! А знаете Златни зделки без што не можат? Без нашите златни деца (читај Grouper тим) да ги обезбедат за вас!

Read More

#СкопјеГурман ти ќе бидеш – 5-та година по ред!

ДОАЃА СКОПЈЕ ГУРМАН! Со нетрпение ја очекуваме и секој ден се повеќе зборуваме за неа бидејќи оваа година е посебна. Оваа година славиме ЈУБИЛЕЈНА 5-та ГОДИНА!

5-та година од единствената, долгоочекувана, најголема и највкусна кампања посветена на храната и на сите најголеми гурмани. 5-та година со најдобри специјалитети за сечиј вкус, најдобар избор, најголемо гурманско мени и тоа по непобедливи цени!

Месец јуни го претвараме во месец на храната, месец во кој ќе откриете нови места и нови вкусови или ќе го јадете омилениот специјалитет во градот на попуст!

СТАРТ: 5 јуни

Значи дечки, следи месец во кој готвењето дома го ставаме на ПАУЗА и одиме во преку 70 ресторани во градот да дегустираме, да пробуваме разновидна домашна и интернационална кујна со најдобри попусти!

Read More