Велигденски празнични патувања? Може!

Ако мораме да издвоиме 5 есенцијални карактеристики на престојните Велигденски празнични денови, тогаш тоа би биле: фарбање јајца, кршење со јајца (читај: мимоза салата), интензивно дружење со најблиските, религиски обичаи и празнично бегство од домашниот амбиент 🥚

За првите 4 карактеристки нема што да додаме и/или одземеме, едноставно тоа се константи кои се дел од обичаите и традицијата (тука не се мешаме), но затоа за последната ставка и те како имаме што да кажеме, советуваме и понудиме. 


Факт: Тимот на Grouper обожава викенди, особено кога се завиткани во празнична атмосфера со еден тон убави и блиски луѓе, уникатни моменти и искрени насмевки! 🫶


Read More

Специјално викенд изненадување! #Велигден

Зошто ги сакаме викендите? Па, самиот збор носи радост, очекување, слобода и среќа! Не може да не го сакаш! За викенд најмногу „се живее“ и се создаваат најдобрите спомени. Почнувајќи од пиво во петок вечер, повеќе спиење во сабота сабајле, сладолед во парк, шопинг, патување, фамилијарен ручек, журка со другарите и полнење батерии! Ах зошто не е секој ден викенд!

Read More