Влегуваме во сезоната на празници кои ќе ги празнуваме поинаку од досега. Глобалната пандемија го смени нашиот начин на живот. Мерките за заштита од вирусот не разделија како никогаш досега, па токму затоа овие празници имаме вистински предизвик: Да останеме сплотени и блиски и покрај физичката оддалеченост. Празничните подароци традиционално се симбол на внимание, љубов и грижа за нашите најблиски.
Read MoreTag: празници

Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕА (во време на пандемија)
Знаеме веќе дека оваа година е поинаква. За прв пат ќе ги дочекаме Новогодишните празници во вакви околности. Како ќе биде не знаеме, само знаеме дека ќе е ново искуство, а уште повеќе знаеме дека сега највеќе од било кога е потребно да останеме блиски со оние кои ни значат и да го искористиме секој момент, повод и начин да си подариме меѓусебно внимание, љубов, грижа, поддршка.
Read More
Празнични Викенд Зделки
Обожаваме викенди, особено кога се во празнична атмосфера, сонце, цвеќиња, убава храна и насмевки….Токму таков празничен Велигденски викенд ни претстои и од старт со сигурност ќе го окарактеризирмае како прекрасен и со сите други најубави епитети 🙂 Прво затоа што е продолжен, затоа што ќе се дружиме со пријателите и фамилијата и ќе имаме можност да прошетаме и уживаме во убавото време, а трето и најважно затоа што ние Груперци како љубители на празниците и овој пат не пропуштивме да спремиме мало слатко празнично изненадување, што дополнително ќе ви го разубави викендот.
Во духот на Велигден, фарбањето јајца и чоколадните зајачиња продолжува и нашата традиција…. празничните зделки! Од 26.04 до 01.05 ви склопивме мини акција, со ЕКСТРА ПОПУСТИ! Read More

Last minute заштеда во 2018 со Mastercard!
Ја обожаваме празничната еуфорија, периодот на подарување и попусти, па затоа сметаме дека последниот викенд од годината треба да биде посебно запамтен и одбележан, за што припремивме мало изненадување за сите Mastercard купувачи.
Последните неколку дена од годината ги одбележуваме со посебна заштеда за СИИИИИТЕЕЕ зделки на grouper.mk, што во превод значи слендово:
Сите што ќе купуваат со Mastercard картички во наредните четири дена т.е од денес па до 01.01.2019 (31.12 на полноќ кога ја испраќаме старата година) добиваат екстра заштеда во форма на cashback зависно од типот на зделка кој ќе си го одберат.
3% на сите патувања, зошто во првите три месеци убаво е да прошетате на планина и чист воздух и да си испланирате early booking пролетно патување
6% на сите производи, сите што заборавивте да купите поклон за некој од блиските, веќе нема опција да се вадите на “немав време” и “скапо било”. Сите идеи ви се на еден клик + со екстра попуст
12% на сите услуги, е oвде има за бирање колку ви душа сака, наша препорака е прво да одберете добра релаксација и храна, а после малку посериозно да се посветитие на здравјето.*Заштедата ја добивате во вашaта Grouper торбичка и може да си ја искористите кога сакате и за што и да сакате
Дечки спремајте картичките, скролајте и уживајте во празничниот шопинг во овие 4 дена. Посакуваме да си купите што ви душа сака, а во новата година припремете се за уште поголеми изненадувања и луди попусти.
Имајте среќни и весели празници!
Ве сака вашиот Grouper 🙂

Grouper Празничен Gift Guide
Следува најубавиот период од годината, исполнет со многу забава, подароци, заеднички дружби со пријателите и семејството и празнична еуфорија која сите не прави возбудени, весели и насмеани. Ние во Grouper обожаваме изненадувања и подароци, па затоа традиционално секоја година со нетрпение ја очекуваме предновогодишната забава каде посебен акцент има празничната игра – Secret Santa што во превод би значело – Биди таен Дедо Мраз на твојот колега и изненади го со креативен подарок во согласност со неговиот карактер, хоби, сакања, стравови, хејтови, желби … Во тој контекст направивме кратка листа од топ седум предлози како да ги изненадите вашите блиски со подароци соодветни на нивниот карактер за празниците кои следат 🙂

Велигденска тимска активност – “Нацртај си го колегата на јајце”
Нашиот тимски дух, желба за дружење и креативни активности се секогаш на ниво, а денес по повод Велигден споделуваме со вас една идеја која можете да си ја направите со друштво, по дома или со колегите на работа (како ние). Ние супер се забавувавме и плус сега си го имаме цел Grouper тим на јајца да ни ги чува канцелариите за празниците.

Реакции кога подаруваш > Стварно #НеСиТребал!
Наоѓањето на соодветен подарок за сите сакани кои ги имате на листата за празниците може да биде вистински предизвик. Сите сакаме да даваме и да примаме подароци, (некои повеќе едното, некои другото) ама има некои ситуации во кои сите сме се нашле при овој процес на подарување. Дали вие сакате да знаете искрено кога некому не му се допаѓа подарокот кој сте му го купиле? 🙂 Дали ви пречи ако лицето сака да го замени подарокот?