Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот, но и најдинамичниот дел од годината. Како наближува Новата година, така наближува и новогодишната еуфорија кај нас во канцеларија. Се спремаат новогодишни зделки и попусти, купони и договори летаат на сите страни, ама се наоѓа време и за китење елка, за колективно пиење на топло чоколадо, многу празнични плејлисти и официјалното вклучување на зелените сијалички во канцеларија.