Дечки, без никаква посебна увертира сакаме да ви пренесеме голема возбуда. На 21ви јануари Grouper полни 8 години! Бројка која за нас е полна со искуства, полна со лекции, со љубов, со труд! 2.920 денови и ноќи поминати во идеи и реализација не донесоа до овој ден – роденден, кој и тоа како сакаме да го прославиме заедно со вас.
Tag: ПрвоПровериНаGrouper

7цата е среќен број, а зделките се златни!
Опсесијата со бројки е многу честа појава 🙂 Секој има среќен број и по некој бакзусен кој го избегнува. Денес на тапет е бројот 7. Седмицата во нумерологијата значи перфекција. Стабилност. Виножитото има 7 бои. Неделата има седум дена. Седум се џуџињата на Снежана. Во Јапонија има 7 среќни богови, а во Вегас статуа од 7 среќни девојки. Збирот на спротивните страни од коцката е секогаш 7. Магично, нели?

НОВИТЕТИ за БЕСПЛАТНА ДОСТАВА
Неделата на бесплатна достава помина одлично! Оваа акција повторно не зближи со многу корисници низ цела Македонија, а им го олесни купувањето и на оние од Скопје. Знаете дека секогаш гледаме, бараме, откриваме и ги слушаме вашите желби.
Секоја идеја, барање и порака не ставаат во акција, а од акција до реализација се вклучува целиот тим на Grouper вредни мравки кои во најскоро време ќе ја реализираат секоја вашата желба. Овој пат, таа желба е повторно бесплатната достава. Па со задоволство ве известуваме дека оваа акција продолжува и тоа со многу новитети.

Недела на бесплатна достава!
Кој нé следи знае дека бројот на производи на Grouper прогресивно расте. Без разлика дали се работи за кујнски додатоци, мали апарати, облека и модни додатоци, детски играчки па се до електроника и IT, ако проверувате прво на Grouper тогаш сте на прав пат. Знаете дека секогаш ги слушаме вашите совети и се водиме според вашите потреби, па во последниот временски период заедно со бројот на производи се зголемија и барањата за достава. Па така, покрај најдобрите цени на производите од сите категории, оваа недела ќе ве почастиме и со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Read More

Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard
Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.
Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

6 години GROUPER – Златни зделки Vol.2
Grouper наполни 6 години! 6 години напорна работа, тимски дух, предизвици, 6 години грижа за нашите корисници, најголеми попусти, непобедливи зделки, нови искуства, 6 години влијание врз е-трговијата на Македонија, 6 години непрекината пасија, љубов и мотив за да бидеме најдобри за вас! За овие 6 години прераснаваме во големо семејство од 130.000 корисници и над 2000 соработнци. За 6 години освоиме 9 награди за Сајт на Годината, ама најголемата награда од сé ни била и ќе остане задоволството на нашите корисници. Read More

6 години Grouper – 6.6 % cash back со Mastercard!
Празниците поминаа, но кај нас подарувањето не застанува! На 23ти јануари ќе ги извлечеме добитниците од Наградната Игра со Mastercard. Двајца среќни корисници кои купувале Grouper зделки со нивните Mastercard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 ќе добијат еден од двата смартфони iPhone 7 и Samsung Galaxy S7! Извлекувањето ќе биде во живо во 18:00ч и ќе може да го следите на нашата Facebook страна.
За среќата да биде поголема наградната игра ќе ја завршиме со специјална Cash Back акција со Mastercard. Бидејќи на денот на извлекувањето го славиме и 6тиот роденден на Grouper на 23.01 и на 24.01.2017 за сите купени купони со Mastercard ќе добиете 6.6% Cash Back. Ова е нашиот начин да ве почастиме за нашиот 6-ти роденден!
Купувајте на Grouper со Mastercard картичка на 23.01 и на 24.01.2017 и 6.6% од потрошената сума за купените зделки ќе ви биде вратена на Вашиот Grouper профил!

Современиот Дедо Мраз!
Времињата течат, работите се менуваат, нови технологии, нови трендови, мобилните веќе ги заменуваат десктоп уредите… таблетите ги заменија купиштата играчки, talking tom го замени чибичанот, децата не играат ни со виртуелни џамлии … а за тоа највеќе “жалат” родителите (жестоки дебати се водат дали детето да смее да гледа телевизија, да игра на таблет и колку време смее) додека на децата им е супер кул и уживаат додека растат со новите технологии. Read More

Најдобриот подарок за празниците!
Декември! Месец на украсување, празнување, веселење, подарување! Многу поводи, многу руска салата, многу сарми, многу вино и многу љубов и насмевки.
Ако сте во потрага по најдобриот подарок за празниците за саканите или пак за да се наградите себе си, ја имаме СОВРШЕНАТА ЗДЕЛКА за вас! Read More

31ви Октомври – Светски Ден на Штедењето
31ви Октомври е Светскиот Ден на Штедењето. Овој “празник” датира од 1924 година од првиот интернационален конгрес на штедните банки во Милано, Италија. Банкарски преставници од 29 земји сакале да покренат свесност и да ги поттикнат луѓето ширум светот да штедат (секако во нивните банки :))