НОВО! Го отвoраме Grouper Производи!

Знаете дека секојдневно работиме да го подобриме Grouper искуството. А ние знаеме дека сите се радуваат на попусти. Особено на попусти на производи. Grouper семејството расте, а со тоа расте и бројот на зделки за да ги задоволи сите желби на вас, драгите корисници, кои секојдневно внимателно ги слушаме и сакаме да ги исполниме. Покрај новиот изглед на сајтот (btw, пишете ни коментар како ви се допаѓа), достигнати 1.000 активни зделки на Grouper и продадени на 500.000 купони, непрекината работа и огромна мотивација, со задоволство ви го преставуваме новиот дел на Grouper, специјализиран за производи —-> Grouper Производи.

Read More

Наградени гурмани од #НеделаНаХрана

 

Драги Групери и официјално гоштевањето низ скопските ресторани и барови по повод Недела на Храна заврши. Се докажа дека Grouper тимот ја дели љубовта кон храната со над 1900 гурмани кои уживаа во дегустирање на највкусните зделки . Среќни сме што ја крунисавме акцијата со над 9200 продадени купони, а се надеваме дека успеавте да пробате многу нови вкусови и да си најдете ново омилено место за афтерворк дружба или неделен ручек со најблиските. Секако, за најнеуморните дегустатори кои имаа купено над 5 зделки и за оние кои со своите фотки од храна успеаа да ни предизвикаат глад и “лиги да ни потечат” заслужено следуваат награди – патување за 2ца,  кои на почетокот ги најавивме.

Read More

Јули: Месец на убавина & релакс!

Викаат дека изгледаш онака како што се чувствуваш. Така, најважно е вие да се чувствувате убаво. А бидејќи ние сакаме вие да се чувствувате прекрасно го одбравме месец јули за најпрекрасен месец и го прогласуваме за Месец на Убавина & Релаксација!  Read More

Учествувај во наградната игра и освој патување!

 

Не само што Недела на храна нуди еден куп сочни зделки за сечиј вкус, дополнително, ваквото гурманско уживање ви дава можност да се вклучите во натпревар и да освоите едно од 10-те патувања за двајца. Еве како: Read More

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” 🙂 Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. Read More

Недела на храна со Grouper

Нашиот тим е секогаш гладен, а уште повеќе кога станува збор за вкусни зделки. Омиленото прашање во офис ни е “Што ќе јадеме денес?”. Гладни или најадени секогаш сме расположени за нови предизвици и креирање интересни активности за вас. Така кога љубовта и вештините на тимот ќе се спојат резултатот е ремек дело. Групери, на наше големо задоволство ви ја преставуваме… нејзино височество —> “Недела на храна”!  Read More

Прво провери на Grouper!

Пред 5 години имавме визија – “Grouper да стане првото место кое го проверувате кога сакате да правите било што, било каде, било кога”! Кога планирате патување, кога ви се расипал миксерот и потребен ви е нов, кога сакате да посетите нов ресторан, кога одите на роденден и ви треба подарок, кога сакате да правите нешто ново а не знаете што, кога имате желба за некое ново искуство, кога ви е потребна фризура, кога закажувате преглед на забар… Денес сме навистина горди што може да кажеме – што и да посакаш, Прво Провери на Grouper! 

Read More