Кампања посветена за сите авантуристи ⛰️ Outdoor shop & Activities

Дечки сигурна сум дека сите се сложувате дека месец мај е еден од најубавите месеци во годината. Најпрво од сѐ, е што доаѓа сонцето и не си оди сѐ до октомври. Во месец мај цветаат сите цвеќиња, сите паркови се разубавуваат, стануваат неодоливи за гледање, за шетање, возење велосипеди, за дружење и „главење” до зори… Eдноставно животот станува поубав.

Затоа, заради будењето на авантуристичките желби, заради страста кон вежбањето и рекреацијата, заради сите верни спортисти и неуморни вежбачи во соработка со Mastercard ви спремивме специјална Outdoor shop & Activities кампања со најдобри попусти и најдобри цени, а што е уште поинтересно слатки Grouper подароци!

СТАРТ: 08.05.2019
Значи, во вторник на полноќ сите на Grouper!

Read More

Summer Sale Weekend! Последна летна распродажба!

Многумина го чекаат летото, буквално од јануари! Планираме годишен одмор, сонуваме за раззеленети паркови, апостолки што дигаат прав по песочни плажи, свежи овошја и шарени зајдисонца! Ах, колку многу причини има да се сака летото… ама секогаш пред целосно да го почувствуваме, летнало додека да трепнеш!

За да ги испратиме топлите летни зраци, тимски решивме и оваа летна сезона да ја затвориме со најголемите финални попусти на одбрани зделки кои ни кажавте дека многу ви се допаднале! Сé од патувања за сите дестинации кои сé уште не ги посетивте, вкусни зделки кои сакате да ги „пробате“ веќе трет пат, масажи, производи, услуги доживувања и што уште не!

Read More