Едуцирај се, превенирај и остани здрава со Grouper!

На 15.06 (четврток), во новите канцеларии на Grouper се одржа едукативен настан со наслов “Едуцирај се и превенирај! Остани Здрава!”, дел од “Остани Здрав”,  најголема кампања на Grouper која промовира здрав начин на живот, стекнување и одржување на здрави навики и редовна грижа за сопственото здравје.

Во опуштена, пријатна и интимна атмосфера, пред мала група на пријавени и заинтересирани гости свое излагање имаа:

  • Проф. Д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог акушер и супспецијалист урогинеколог; 
  • Д-р Маќули Хаџи Лега, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист, специјалист гинеколог за репродуктивна ендокринологија и асистирана репродукција и 
  • Проф. Д-р Нино Васев, специјалист онколог
  • Д-р Марија Каплак, дерматолог и активен борец со рак на дојка

По официјалното запознавање и обраќање на стручните медицински лица на темата на настанот – рана дијагностика и превенција на рак на дојка, рак на грло на матка и начини и совети за редовна грижа за сопственото здравје, со акцент на женското здравје, следуваше интерактивна и конструктивна панел дискусија со прашања од публиката, водена од страна на Лиридона Беќири, извршен директор на здружението “Езра”, 

На панел дискусијата беа поставени повеќе интригантни и интересни прашања кои резултираа со отворена едукативна дебата на која беше заклучено дека раната превенција, редовните прегледи, психо-физичката активност, позитивните мисли и општата грижа за сопственото здравје е приоритет бр. 1 на секоја жена. 

Како потврда за горната констатација беше и онлајн вклучување во живо на д-р Марија Каплак, дерматолог и активен борец со рак на дојка која во моментов се наоѓа во Англија и прима терапија за рак на дојка. Марија во неколку минутно излагање се обиде да ни го долови животот на еден борец со рак на дојка, од откривањето до ден денешен, преку воочување и презентација на основните постулати за долг, среќен и исполнет живот.  

Остани здрав/а со 50+ промотивни понуди за прегледи и анализи на Grouper.mk. 🫶

“Остани Здрав/а” со Клиника Жан Митрев!

Бидејќи честопати забораваме на есенцијалната важност на грижата за себе, дојде денот кога треба да те потсетиме дека дека негата за сопственото здравје е приоритет број 1 во животот!

За таа цел, ја организираме кампањата “Остани Здрав”, најголемата кампања на Grouper во категорија – Здравје, целосно фокусирана на промоција на здравиот начин на живот, стекнување и одржување на здрави навики и редовна грижа за сопственото здравје!

Во склоп на кампањата, во колаборација со нашиот долгогодишен премиум партнер – Клиника Жан Митрев, ти подготвивме навистина богата понуда на разновидни специјалистички прегледи, од кардиолошки, гинеколошки и флеболошки преглед, па сѐ до магнет на дојки, ехо на тироида и 3Д мамографија. Од сѐ по нешто!

Затоа, не чекај, закажи преглед и искористи го попустот до 49% на над 30 специјалистички прегледи по твој избор.


Погледни ја понудата 👀

Гинеколошки преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Специјалистички педијатриски преглед3,000 ден. 1,590 ден.
Флебографија (ангиографија на вени)14,000 ден. 9,900 ден.
Флеболошки преглед (преглед од трансфузиолог)2,500 ден. 1,990 ден.
Психијатриски преглед3,000 ден. 1,900 ден.
Ехо на тироида3,000 ден. 1,990 ден.
Ендокринолошки преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Ендокринолошки преглед со TSH и FT44,600 ден. 2,590 ден.
Колоноскопија со анестезија19,000 ден. 13,900 ден.
МСКТ серија со контраст (глава со врат/абдомен/долни екстремитети)15,500 ден. 11,900 ден.
ЦТ Виртуелна колоноскопија15,500 ден. 11,900 ден.
МР нативна серија15,000 ден. 10,900 ден.
МР серија со контраст18,000 ден. 13,900 ден.
Магнет на срце25,000 ден. 19,900 ден.
Магнет на цел р’бет25,000 ден. 16,900 ден.
Магнет на матка со контраст18,000 ден. 10,000 ден.
Магнет на дојки18,000 ден. 10,000 ден.
Остеодензитометрија Дексаскен3,500 ден. 1,990 ден.
Невролошки преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Ортопедски преглед3,000 ден. 1,990 ден.
2Д Мамографија3,500 ден. 2,500 ден.
3Д Мамографија5,500 ден. 5,000 ден.
Уролошки преглед (ехо на уринарен тракт и простата)3,000 ден. 2,490 ден.
Абдоминален хируршки преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Функционалната магнетна стимулација2,500 ден. 1,890 ден.
Дерматолошки преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Пулмолошки преглед3,000 ден. 2,090 ден.
Полисомнографски тест за слип апнеа4,500 ден. 2,790 ден.
Пакет тироидни хормони FT4, FT3 и TSH2,700 ден. 1,390 ден.
Ехо на дојка3,000 ден. 1,990 ден.
Консултативен преглед со пластичен хирург3,000 ден. 1,590 ден.
Нефролошки преглед3,000 ден. 1,990 ден.
Интолеранција на глутен5,500 ден. 4,400 ден.
Интолеранција на лактоза3,500 ден. 2,800 ден.
Интолеранција на храна со испитување на антигени од 90 прехрамбени продукти9,990 ден. 7,990 ден.
Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце)4,500 ден. 2,490 ден.
Гастроскопија со анестезија19,000 ден. 13,900 ден.

*Детален опис за прегледите можеш да најдеш тука.

Затоа искористи ја оваа акција, грижи се за твоето здравје, закажи го твојот преглед кај тим од врвни доктори кои се 100% фокусирани на пружање максимално професионална грижа и нега на пациентите. 

Како за крај, би го завршиле овој текст со една многу важна и корисна животна порака – телото е твојот храм, дај му го вниманието кое го заслужува 💕

Топол поздрав и остани здрав/а! 🫶