Есенцијални работи што треба да ги спакуваш за твоето следно патување!

Сите сме согласни дека сезоната за патување официјално е отворена! 

Но, тоа со себе носи други дилеми, трилеми и неодлучни мисли за тоа што треба да се понесе на едно патување, а да не изгледа тој процес како една масовна преселба на народите. 

Аналогно на горната изјава, за да не се мачиш и да правиш списоци на лист хартија, во телефон за што сѐ си спакувал во куферот кои некако магично ги губиш, забораваш дома пред да тргнеш или едноставно не се водиш по нив и пакуваш пола живот за викенд во Грција, ти спремивме текст за најважните работи што треба да ги понесеш на твоето следно патување, во зависност од тоа кај планираш да одиш и што ќе правиш таму.

Read More

Неколку кул предлози за пролетно релаксирање во Македонија!

200+ сончеви денови, 40+ планини, 3 природни езера со античко потекло и еден град заштитен од УНЕСКО се само еден мал дел од фактите и бројките кои ја опишуваат Македонија – земја на највкусната храна, најубавите дестинации и најгостопримливите луѓе.

Македонија секој ден, без пардон, ти нуди прекрасна природа, дестинации вредни за (ре)откривање и проживеани луѓе опремени со еден куп локални приказни за како било на времето, кој биле главните шизици и како сите живееле во слога, разбирање и љубов. Иако мала, Македонија нуди места каде ќе го најдеш мирот, искуства преку кои ќе ги запознаеш најтоплите, пријателски расположени луѓе и дестинации кои ќе сакаш да ги посетиш пак, пак и пак!

Кога последен пат си дозволи пролетно релаксирање во Македонија? Колку од езерата, планините и алтернативните селца во Македонија ги имаш посетено?

Дојде време повторно да ти откриеме што сѐ имаме по дома! Ајде да го цениме и да го уживаме тоа што го имаме и оваа пролет да ја искусиме Македонија од една поинаква перспектива… во улога на туристи, повеќе од подготвени за креирање нови спомени!

Read More

СТАРТ: Дестинација Македонија 2021

Една е, наша е! Македонија секој ден ни ја нуди најубавата природа, најубавите дестинации и највкусната храна. Иако мала, нуди места каде ќе го најдеш мирот, места каде ќе ги запознаеш најгостопримливите луѓе, места кои ќе сакаш да ги посетиш и по втор пат.
Grouper 7-ма година по ред ја приближува до вас нашата убавина, ги носи најдобрите дестинации до вас со најдобри попусти, пристапни за сите!

Read More

Дестинација Македонија: 101 зделка за патувања, искуства и добра храна!

Од север до југ, од исток до запад, по 4ти пат ќе ве одведеме на едно прекрасно патување низ Македонија каква што не ја познавате! Се ближи најголемата патувачка акција за која цел тим е најмногу возбуден и најмногу ни лежи на срце на сите!

Оваа есен повторно креираме заедница од вистински љубители на историјата, убавината, недопрената природа, вкусната традиционална храна и авантуристичките искуства и заедно ја истражуваме нашата Македонија! Креираме водич од 101 зделка со уште попримамливи цени од вообичаено за патувања низ татковината – да го посетиме, вкусиме и искусиме сé она што таа ни го дала! Зошто? 5 ОДЛИЧНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО.

Read More