Grouper = Е-шампион на E-commerce Awards 2022! 🏆

На 9 март 2023 година по вторпат во нашата држава се организираше доделувањето на E-commerce Awards за најдобрите е-трговци! 

Идејата и целта позади постоењето на E-commerce Awards е да придонесат за: промоција на е-трговијата, зајакнување на конкурентноста во овој сектор преку мотивирање на е-трговците за унапредување на нивното работење, подигнување на свеста за потенцијалот на е-трговијата и на крај препознавање и наградување на најдобрите. 

Read More

Гласајте за Grouper! 💚

Изминативе години учествуваме и се залагаме за развој на е-трговијата во Македонија и со тоа Вие, нашите најсакани корисници, не наградувате со вашите гласови и поддршка во изборот на

E-commerce Awards!

За нас работата е вистинско уживање, затоа тимот на Grouper работи со пасија и љубов  веќе 12 години да ви понуди сé што ќе посакате и тоа со најголем попуст и по најдобри цени. Нашата цел е вашето задоволство, а тоа задоволство го мериме и оправдуваме според Вашите гласови во текот на годините. Мотивирани сме од секоја Ваша сугестија, пофалба со убавите зборови, па и од секоја критика која ја прифаќаме и постојано се трудиме да бидеме уште подобри.

Read More

Вашата поддршка ни е најважна! Гласајте за нас!

Се наближуваме до 10 години постоење, крај на година, ја ситниме чуднава 2020та и правиме една ревизија на што сме направиле, што се случило, мислиме на следната година…

Оваа година не беше лесна. За сите. Прво поради тоа што ни беше директно загрозено здравјето, а второ начинот на работење, комуникација, живеење. Изолација, неизвесност, промени. Иако сите мислат дека на онлајн компаниите им беше лесно и дека дури имаа прогрес, можам да ви потврдам дека не беше баш така.

Read More

Гласајте за нас ❤️

 

Секоја година ви покажуваме и докажуваме дека сакаме да напредуваме, дека секоја година ни е нов предизвик, а она што не води да одиме напред со голема желба и ентузијазам се секако нашите соработници и корисници. Наша цел е вашето задоволство и насмеани лица 🙂

Read More

Благодарност од тимот на најнаградуваниот и најдобриот сајт за е-трговија

Во саботата (24.12) традиционално се одржа манифестацијата Сајт на годината, оваа година 7ма по ред, каде се доделуваат награди на најдобрите сајтови во различни категории за годината која изминала. Со гордост сакаме да споделиме со вас дека Grouper.mk e официјално сајтот кој освои најголем број на награди! Оваа година за прв пат освоивме 4 награди во 4 категории и тоа: Read More

Гласајте за нас!

Оваа година 7ми пат по ред се организира изборот за Сајт на годината. Изминатите години благодарение на сите вас, нашите сакани корисници, Grouper доби бројни награди меѓу кои: 2 пати Најдобар сајт за е-трговија и огласи, 2 пати Најдобар мобилен сајт, Второ место за Најдобар сајт и второ место за Најдобра Facebook страна. Read More

Груперска благодарност до сите вас!

Драги корисници, соработници и партнери! Сите вие сте дел од Grouper заедницата која заедно ја градиме, која расте и се развива со секоја една објавена зделка, со секој еден купен купон, со секое ново искусто, ново патување… од ден во ден, од година во година! Сите вас ве чувствуваме како наши пријатели со кои сакаме да споделиме убави моменти и радост. Радоста која ја споделуваме денес е поттикната од 2те награди кои ги добивме оваа година на изборот за сајт на годината. Read More

3 плакети ни ги красат канцелариите!

Вчера освоивме 3 награди на официјалното доделување на наградите за сајт на годината, а денес сакам да споделам СРЕЌА со сите Вас!

Втор пат по ред ја добивме наградата за најдобар сајт за е-трговија и огласи, за која искрено знаевме дека ја заслужуваме ама не верувавме дека втор пат по ред може да ја добие истиот сајт. За прв пат бевме победник во категоријата најдобар мобилен сајт, а го освоивме и второто место во категоријата најдобра Facebook страна.  Read More