Новогодишна резолуција

Времето лета, годините поминуваат, работите се менуваат! Измина уште една година и сега во овие последни денови од оваа година и ова празнично лудило и припреми за следната година, кој за дочек, кој за зимовање, кој за руска и кифли, времето како да лета уште побрзо. Ајде за момент да застанеме сите! Размислете за убавите моменти кои ги поминавте, за блиските пријатели со кои ги споделивте, за лошите одлуки кои ги направивте, за грешките кои не сакате да ги повторите, за ветувањата кои си ги дадовте и не ги остваривте, за целите што ги поставивте, за добрите зделки кои ги направивте! Read More