ПОБЕДНИЦИ #СкопјеГурман! Најдобри ресторани 2018та!

Дечки, заврши и најголемата и највкусната Недела на храна #СкопјеГурман! Цел месец заедно откривавме нови места во градот и пробувавме нови вкусови и цел месец ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен!

Крајот на #СкопјеГурман го обележуваме со рекорден број на продадени купони, донирани 15.000 ден. во Банка за Храна, 900 изедени сладоледи и многу дегустаторски авантури.

Одбраните 70 ресторани испорачаа врвна услуга и секако – квалитетна храна и ни приредија вистински гурмански искуства! Дополнително, за да ги предизвикаме да бидат уште подобри, повторно и оваа година го поттикнавме натпреварувачкиот дух меѓу растораните со трката за Титулата Најдобар ресторан во својата категорија!

Read More

Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако – квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.

Read More