Многу луѓе кои ме познаваат се убедени дека не постои некој во земјава што повеќе го сака овој празничен период од годината од мене. А кога љубителот на игри и изненадувања во мене ќе се спои со љубителот на празници доаѓаме до моето омилено–празнични тимски игри. Secret Santa ни е традиција веќе 5 години, а сé повеќе компании ја практикуваат и кај нас како игра за подарување чија цел е да покажеш колку го знаеш колегата на кој си му “Таен Дедо Мраз”.
За оние кои не ја играле Secret Santa функционира на следниот начин:
- Секој колега добива друг колега по случаен избор на кој му е Таен Дедо Мраз (ние за тоа ја користиме оваа апликација – се внесуваат сите колеги и кога сите ќе се приклучат, на секој член му стига името на кого треба да му купи подарок)
- Сите колеги купуваат подарок за својот човек и ги оставаат скришно во вреќата под елка (на подарокот го пишува името за кого е поклонот)
- Се собирате сите заедно на отварање поклони