blog-naslovna

Пробајте ја оваа празнична игра за вашиот тим!

Многу луѓе кои ме познаваат се убедени дека не постои некој во земјава што повеќе го сака овој празничен период од годината од мене. А кога љубителот на игри и изненадувања во мене ќе се спои со љубителот на празници доаѓаме до моето омилено–празнични тимски игри. Secret Santa ни е традиција веќе 5 години, а сé повеќе компании ја практикуваат и кај нас како игра за подарување чија цел е да покажеш колку го знаеш колегата на кој си му “Таен Дедо Мраз”.

За оние кои не ја играле Secret Santa функционира на следниот начин:

  1. Секој колега добива друг колега по случаен избор на кој му е Таен Дедо Мраз (ние за тоа ја користиме оваа апликација - се внесуваат сите колеги и кога сите ќе се приклучат, на секој член му стига името на кого треба да му купи подарок)
  2. Сите колеги купуваат подарок за својот човек и ги оставаат скришно во вреќата под елка (на подарокот го пишува името за кого е поклонот)
  3. Се собирате сите заедно на отварање поклони

(more…)

Прочитај Повеќе

timot

Secret Santa во нашите канцеларии

Сигурно сте слушнале за Американскиот интересен начин за размена на подароци помеѓу колеги во фирми т.н Secret Santa. Оваа година голем број на компании го применија овој начин а меѓу нив бевме и ние. Целта на играта е да му одберете поклон на колегата кој ќе ви се падне по случаен избор, со што ќе дознаете повеќе за него или ќе покажете колку добро ги знаете своите колеги.

После размената на подароци и подогувањето кој на кого му купил поклон, се упативме на пиење и славење како што е редот во Клуб ресторанот МКЦ. Еве сме во весело издание :)

Прочитај Повеќе