Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019

Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.

Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да  гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.

Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

Read More

Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман

Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.

Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”.  Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

Read More

ТОП 5 #СкопјеГурман предлози од Кика Авеиро!

Сакам да експериментирам, да пробувам нови работи, секогаш кога патувам сакам да ја пробам локалната кујна. Моментално сум на патување низ Америка и секако си го применувам правилото.

За жал овој пат фатив само еден ден од #СкопјеГурман, ама го искористив максимално #СкопјеГурман е супер прилика да пробате нешто ново а да на потрошите многу пари. Соберете друштво, дечко девојка, брат сестра, фамилија и посетете ресторан или место каде што не сте биле до сега, пробајте нешто ново.
Мои препораки што да пробате се следите:

Read More

Како да станеш VIP Гурман и да освоиш патување? #СкопјеГурман

 

За нашата најголема кампања Скопје Гурман да биде уште повозбудлива спремивме и подароци за вас, луѓето за кои постоиме, нашите корисници!

Како да станеш VIP Гурман?

За да влезеш во натпреварот  условот е да имаш купено минимум 5 различни зделки платени со Mastercard картичка! Купувај што повеќе зделки од храна и стани си наш Групер VIP Гурман!

Read More

Храна за сите! Донирај со Mastercard & Grouper #СкопјеГурман

Започна Скопје Гурман – најголемата гурманска акција за храна во градот, со голем број вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Tоа значи дека започна најгурманскиот период во годината кога Скопје се претвора во најгурманското место со вашите омилени специјалитети на попуст. А, уште подобро е што со секоја купена зделка, заедно со Mastercard вие донирате за да има „Храна за сите”!

Read More

#СкопјеГурман ти ќе бидеш – 5-та година по ред!

ДОАЃА СКОПЈЕ ГУРМАН! Со нетрпение ја очекуваме и секој ден се повеќе зборуваме за неа бидејќи оваа година е посебна. Оваа година славиме ЈУБИЛЕЈНА 5-та ГОДИНА!

5-та година од единствената, долгоочекувана, најголема и највкусна кампања посветена на храната и на сите најголеми гурмани. 5-та година со најдобри специјалитети за сечиј вкус, најдобар избор, најголемо гурманско мени и тоа по непобедливи цени!

Месец јуни го претвараме во месец на храната, месец во кој ќе откриете нови места и нови вкусови или ќе го јадете омилениот специјалитет во градот на попуст!

СТАРТ: 5 јуни

Значи дечки, следи месец во кој готвењето дома го ставаме на ПАУЗА и одиме во преку 70 ресторани во градот да дегустираме, да пробуваме разновидна домашна и интернационална кујна со најдобри попусти!

Read More

СкопјеГурман: последната најубава мисија! #ДонирамеЗаедно

Драги наши групер гурмани, официјално ја заокруживме кампањата #СкопјеГурман со последната најубава мисија!

Цело лето дегустиравме вкусни специјалитети,  доживувавме нови места и ги скокоткавме вашите очи, нос и уста со повеќе од 100 неодоливи јадења од повеќе од 70 најдобри ресторани во Скопје!

Под мотото „Храна за сите“, го претворивме Скопје во најгурмански град, а, дека крајот го краси делото, говори акцијата со која официјално ја завршивме овогодинешната #СкопјеГурман Недела на храна. Како што знаете, во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест, Групери! займ онлайн без звонков Read More

ПОБЕДНИЦИ #СкопјеГурман! Најдобри ресторани 2018та!

Дечки, заврши и најголемата и највкусната Недела на храна #СкопјеГурман! Цел месец заедно откривавме нови места во градот и пробувавме нови вкусови и цел месец ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен!

Крајот на #СкопјеГурман го обележуваме со рекорден број на продадени купони, донирани 15.000 ден. во Банка за Храна, 900 изедени сладоледи и многу дегустаторски авантури.

Одбраните 70 ресторани испорачаа врвна услуга и секако – квалитетна храна и ни приредија вистински гурмански искуства! Дополнително, за да ги предизвикаме да бидат уште подобри, повторно и оваа година го поттикнавме натпреварувачкиот дух меѓу растораните со трката за Титулата Најдобар ресторан во својата категорија!

Read More

Храна за сите! Донирај со Grouper и Mastercard #СкопјеГурман

Веќе 3 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во градот #СкопјеГурман, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.

Read More

Победници од Фото Натпреварот #СкопјеГурман

Драги Групери, и дојде крајот и на најголемата гурманска акција Недела на Храна #СкопјеГурман. Кој купи купи, кој проба проба, кој не – има цела година да држи диета до следната кампања, зошто на пример некои од нас сериозно “удривме” на ненаситна дегустација на пици, бургери, суши, десерти 🙂 ама сега сме најадени и среќни и нема ништо подобро од тоа чувство.

Read More