Што можеш да најдеш на менито на #СкопјеГурман?

Факт: За време на #СкопјеГурман (5 октомври – 15 ноември) главниот град станува повесел, пораздвижен и гастрономски поразновиден!

Како? На повеќе начини, меѓу кои со посета на ТОП угостителски објекти во Скопје + некои нови играчи на локалната гастрономска сцена, вистинско уживање во старите добри вкусови, дегустација на нови рецепти, специјалитети и искуства кои живот значат…секако на попуст и по промотивни цени.

Баш фино, а дали има некоја мапа по која може да се ориентирам? Секако! Разгледај ја мапата (тука), означи кај сакаш да имаш уникатно гурманско искуство и слободно почни да уживаш во омилениот бургер, пица, паста, месо и останати специјалитети на специјален попуст. 

Одлично, а што има на мени? Искрено, од сѐ по нешто и уште нешто + омиленото наше пиво за назадравје. Сочни бургери, супер-вкусни пици, неодоливи специјалитети од паста, рижото за сите вкусови, месо и скара за целата фамилија, азиски специјалитети и што уште не, поделено во неколку категории и тоа:

Месо & BBQ

Паста & Рижото

Бургери

Пици

Сендвичи & Врапови

Слатки задоволства и 

Азиско & Ориентално

Топ, како за крај, што да очекувам од #СкопјеГурман?Од наша страна ти гарантираме врвна услуга од нашите одбрани локали, високо-квалитетна храна, пријатен амбиент и атмосфера и нели, бандал цени!

Искрено, месец октомври и некој ден од ноември е го прогласуваме за период на дегустација на нови рецепти, истражување на старо-нови локали, уживање во уникатната гастрономска понуда на главниот град, фамилијарно-пријателски гурмански дружби во топ локали и секако, сето ова на сериозен попуст. Ајде на гурманска прошетка!

Добар апетит, 

Тимот на Grouper