Храна за тебе = Храна за сите 💗

Веќе месец дена и некој ден се грижиме за граѓаните и посетителите на главниот град да бидат најадени и задоволни со најголемата гурманска кампања за храна во градот – #СкопјеГурман!

Со 30+ вкусни зделки во 30+ специјално селектирани локали, во изминативе 30-40 дена Скопје беше претворено во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Пробај сега, вкуси го градот“. 🤗

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации!

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, донираме 2 денaри на оние на кои им е најпотребно! 🫶

Вкупната сума ќе биде донирана во Здружението За Тебе на Цеце Николова –  здружение за помош и поддршка на млади во социјален ризик – лица кои до 18 години имале статус на деца без родители

Ова е нова, мала организација предводена од млада девојка која и самата растела без родители. Се работи за самофинансирано здружение коешто функционира исклучиво со донации и грантови. Со оваа донација покрај тоа што ги поддржуваме жените и нивните бизниси, истовремено директно помагаме и дејствуваме врз младите лица од маргинализирана категорија.

Хуманоста која всушност и треба да е дел од сите нас, секогаш била дел од мисијата и визијата на Grouper! 

Во минатото готвевме за бездомните лица заедно со #РетвитниОброк, дониравме подароци и насмевки на дечињата од онкологија и неврохирургија, организиравме интерни иницијативи за собирање на храна, облека и најразлични акции кои не сме ги објавиле јавно… приказната не застанува тука!

Фала ти што беше хуман/а, се најаде на попуст и донираше за најзагрозените! 
Со љубов,
тимот на Grouper 💌