5 модни додатоци што не сакаме да ги заборавиме овој летен одмор!

Факт: Кога се пакуваме за патување (читај: летен одмор), тогаш сфаќаме дека имаме заборавено некој/и од есенцијалните модни додатоци без кои летниот одмор тешко поминува.

Освен кај екстремно организираните и оние луѓе кои се пакуваат со јасно дефинирана (напишана на лист хартија) листа со работи, кај останатите “смртници” горната ситуација е скоро-па-неминовна појава пред било кое патување (ако немаш идеја за каде летово, слободно ѕирни тука), особено кога се работи за летниот период. 

Па, знаејќи го горниот факт, решивме да ти понудиме 5 модни додатоци кои ќе ти го направат твојот летен одмор целосно уживање.

Се работи за поприлично едноставни, но “моќни” модни додатоци кои дефинитивно ќе ти го надополнат целокупното патување и ќе ти дозволат да се почувствуваш како модна икона, а на плажа. 


Капа/Шешир = задолжителна опрема за плажа! 👒

Прво, од практични причини (лето, сонце, зрачење итн) и второ, од естетско-модни побуди, носењето на капа/шешир/рибарско капче и други видови на работи кои се носат на глава е моден детал кој е безвременски и никогаш не излегол и нема да излезе од мода. Плус, полесно може да те препознаат кога си во гужва т.е. на плажа додека рејваш со коктел во рака. Во случај да немаш соодветна заштита на главата, трк на www.ananas.mk.


Сандали/Папучи/Римјанки на нозе 🩴

За целосно дишење на ногата, наш совет е да си најдеш некои удобни сандали/римјанки кои ќе ти дозволат да бидеш фокусиран на целосно релаксирање, без притоа да ти е пекол на нозете. Единствена маана е тоа што ќе ти се извалкаат стапалата на нозете, ама па од друга страна на плажа си, морето е тука секогаш за тебе.
*Сандали/римјанки совршено стојат со некоја бесна кошула или летен лефтерен фустан.


Часовник, за летни романтични вечери

Можеш да купиш поексклузивен часовник за на вечера, часовник за на плажа (водоотпорен), часовник за спортување, но знај дека без часовник на рака губиш едно 30-40% од твојот моден стил. 

Така што, за да не се најдеш во оваа ситуација, понеси го со себе твојот омилен летен часовник, а ако немаш таков, а гориш од желба да поседуваш, тогаш прошетај се (онлајн, не мора да ги трошиш патиките) до некоја од продавниците на B-Watch. 

Зошто баш B-Watch? Затоа што само таму ќе најдеш за вкупно 99 ден. (секако, со купон од Grouper) до 60% попуст на часовници и накит од светски брендови и тоа:

  • 20% на Strand, Obaku и Citizen
  • 30% на Citizen, Daniel Klein, Tommy Hilfiger, Armani, Michael Kors и Swiss Military
  • 40% на Daniel Klein и Swiss Military
  • 50% на Daniel Klein
  • 60% на Daniel Klein (детски)

Дефинитивно понуда која тешко се одминува! За повеќе инфо, провери тука.


Без очила на сонце не излегуваш од дома 😎

Очила за сонце се носат во било која доба од денот… кога е лето. Без очила за сонце е исто како да си без алка за фестивал. Пробај само да не скокнеш со нив во вода, затоа што шансите да ги изгубиш се огромни! Ако немаш идеја какви сакаш, провери тука


Ранче, торба, торба за плажа = ДА! 🎒

Ранче + плажа одат рака под рака како дедо и внуче. Без разлика дали си машко или женско, “влечкањето” на било каква торба е клучна работа за совршен летен одмор, затоа што во него се најважните работи што ти се потребни за да преживееш цел ден на плажа. Шетање без ранец е како шетање без глава! 

Ако стигна со читање до овде, значи веќе знаеш што не треба да заборавиш за твоето летно патување, а ако веќе си бил/а на одмор, тогаш слободно потсети ги твоите пријатели кои  сѐ уште не биле на одмор да не ги заборават овие есенцијални модни додатоци. 

Биди модерен/а ова лето!

Од тимот на Grouper 🏖️

Неколку совети за како да се подготвиш за здраво лето… од дома.

После пролет, која оваа година се однесува како есен, следува лето, период на летни одмори, релаксирање од секојдневниот стрес на работа и вистинско уживање, но и период кој бара соодветна подготовка и истражување за безгрижно одмарање.

Па по тој повод, за да не луташ непотребно по интернет просторот, од наша страна ти подготвивме краток прирачник со неколку совети за како да останеш здрав/а и соодветно да се подготвиш за престојните летни денови од дома, т.е. 100% онлајн, 100% сигурно и безбедно! Одиме со ред!


Во здраво тело, здрав дух

Ќе претпоставиме дека веќе си во напредна фаза на твојот тренажен процес кој опфаќа сериозни физички подготовки за имање на перфектно тело за на плажа! Тоа е одлична мисија, но што правиме со есенцијалните, а не толку зборувани (како што се протеин, креатин и други) додатоци во исхраната без кои општото човеково здравје е нецелосно?  

Бидејќи изборот во оваа категорија е голем колку нашата галаксија, како за почеток наша препорака е да почнеш со SOLGAR Магнезиум цитрат, витален минерал за целото тело, SUPERDIET Целимине био, комплекс на база на 6 растенија, овошје и јаболков оцет, совршен микс за природно слабеење, елиминација на вода и детоксикација на организмот и EASYVIT Easyfishoil Омега 3 + витамин Д, топ избор за одржување на нормална функција на мозокот и за нормален вид. 

Кај да ги најдеш? Прошетај се до богато опремената онлајн продавница на Зегин, твојата омилена семејна аптека и одбери ја добитната комбинација за супер-здраво лето.


Одмори се од алергиите

Моментално се наоѓаме во цутот на алергиите и алергиските реакции. Луѓето кои патат од овие медицински феномени, знаат што значи да се будиш и легнуваш со затнат нос, константно иритантно внатрешно чешање и 100% неудобно чувство. 

Краен лек за оваа здравствена состојба сѐ уште не е пронајден, па додека чекаш да го измислат, провери ги нашите препораки како што е PRANARÔM Allergoforce Спреј за нос, MARNYS Алерхелп, SOLGAR Кверцетин плус и другите анти алергиски лекови, достапни на Зегин Онлајн. Дозволи си скоро-па-безгрижно лето… без да има потреба да излегуваш од дома.


За сигурно и безбедно сончање

Некој ужива во максимално “трошење” на денот на плажа, друг користи една половина од денот за плажирање, трет ¼, а некој пак сака само да набљудува, удобно сместен/а во некоја дебела сенка на својата омилена патувачка дестинација

Без разлика кој и да си ти, за сите категории на луѓе задолжително е користење на спреј за заштита од сонце, без пардон! 

За таа цел, наша препорака е да ги провериш продуктите како на пр. FREZYDERM Sun Screen Безбоен спреј за заштита од сонце, FREZYDERM Sun Screen Нијансиран крем за лице, FLEURANCE Алое Вера гел и други дерматолошки производи, достапни со само еден клик на Зегин Онлајн

Како за крај, Остани Здрав/а и знај дека здравјето и грижата за телото и умот треба да ни се прв и единствен приоритет!