4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција! 🇬🇷

Кога некој некаде ќе го спомне зборот “пролет”, првите асоцијации се поврзани со будење на природата, обојување на околината која не опкружува (нешто како есен, ама со различен спектар на бои), расцутани дрва, вадење еден слој од облеката и можеби најинтересниот дел – пролетно “фаќање магла” негде далеку од градот!

Епа, нашиот фокус во овој блог пост ќе биде 100% насочен за пролетните патувања, домен од нашето работење кој го познаваме и разбираме како левата рака и истовремено уживаме да презентираме, препорачуваме и даваме конструктивни идеи за патувачко-авантуристички искуства кои оставаат траен белег во форма на убави и пријатни спомени кај патувачите.

Па по тој повод, во прилог ти презентираме Топ 4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција, директна инспирација од престојните пролетни празници кои ако ги споиш добиваш еден тон слободни денови за патување (читаj: пролетни празници кои може да траат и до 10 дена!) 👇👇👇👇

Read More

Тим билдинг игра т.н. “Војниците на Самоил”

Одењето на тим билдинг патувања некако ни е традиција и тоа не еднаш туку два пати годишно, и зима и лето (а разлислуваме да поднесеме предлог закон за задолжително организирање тимски дружења на 2 месеци). Накратко, тоа се одлично испланирани три дена каде 24h ги зајакнуваме, градиме или доградуваме нашите пријателски односи и колегијални врски, каде со сигурност ги запознаваме сите неоткриени таленти на нашите колеги (посебно поттикнати од мастерот т.н алкохол), каде се раѓаат најдобрите out of the box идеи, се шират шеги што се користат до следната дружба и секако како што и самото име кажува задолжителното ги “билдаме” стомачните мускули од смеа 🙂 Read More