Многумина го чекаат летото, буквално од јануари! Планираме годишен одмор, сонуваме за раззеленети паркови, апостолки што дигаат прав по песочни плажи, свежи овошја и шарени зајдисонца! Ах, колку многу причини има да се сака летото… ама секогаш пред целосно да го почувствуваме, летнало додека да трепнеш!
За да ги испратиме топлите летни зраци, тимски решивме и оваа летна сезона да ја затвориме со најголемите финални попусти на одбрани зделки кои ни кажавте дека многу ви се допаднале! Сé од патувања за сите дестинации кои сé уште не ги посетивте, вкусни зделки кои сакате да ги „пробате“ веќе трет пат, масажи, производи, услуги доживувања и што уште не!