Развивањето на чувство на единство во еден тим или меѓу тимови во една компанија е одличен начин да се зголеми продуктивноста. А реално еден од најдобрите начини да се постигне и развие ова чувство е преку различни тимски активности и предизвици. Тимот што добро функционира заедно, е секако попродуктивен, поуспешен и посилен. Дополнителен бенефит од ова е и зголеменото чувството на среќа на работното место. Плус, докажано е дека креирањето на здрава врска и комуникација меѓу членовите на тимот допринесува до она добро чуство на “достигнување”. Read More
Tag: тимска дружба

Пролетно будење на вашиот тим – Игра, Дружење, Натпревар
Нешто што нé прави посебно среќни е можноста да се дружиме, забавуваме и натпреваруваме надвор од работната атмосфера. Обожаваме да креираме и испробуваме различни тимски активности во кои секој член од нашето Grouper семеjство може да се пронајде и забавува. Некогаш е потребно само добра идеја и позитивен дух за да се зарази целиот тим со позитивна енергија и желба за заедничка активност, дружба и знаења.
Ние сметаме дека колегите може да прераснат во пријатели, а тимот во најмоќно оружје на секоја компанија само доколку константно се вложува во негова едукација, надградба и дружби од секаков тип.
Кога сме кај делот дружби, не подразбираме само одење во кафана или afterwork cocktail party (што всушност e супер :)) туку и нешто повеќе и поразлично што би поткренало натпреварувачки дух, забава, борба за знаење и игра.
За таа цел оваа пролет решивме да ве мотивираме сите вас, тим лидови, сопственици на мали и големи бизнис да ги засукате ракаквите и да организирате тимска дружба за паметење. За да ви ја олесниме работата припремивме низа зделки по супер цена кои ќе ве поттикнат да го размрдате мозокот, тимскиот дух и да се забавувате заедно со колегите во малку поинаква атмосфера. Read More