Пролетно будење на вашиот тим – Игра, Дружење, Натпревар

Нешто што нé прави посебно среќни е можноста да се дружиме, забавуваме и натпреваруваме надвор од работната атмосфера. Обожаваме да креираме и испробуваме различни тимски активности во кои секој член од нашето Grouper семеjство може да се пронајде и забавува. Некогаш е потребно само добра идеја и позитивен дух за да се зарази целиот тим со позитивна енергија и желба за заедничка активност, дружба и знаења.

Ние сметаме дека колегите може да прераснат во пријатели, а тимот во најмоќно оружје на секоја компанија само доколку константно се вложува во негова едукација, надградба и дружби од секаков тип.

Кога сме кај делот дружби, не подразбираме само одење во кафана или afterwork cocktail party (што всушност e супер :)) туку и нешто повеќе и поразлично што би поткренало натпреварувачки дух, забава, борба за знаење и игра.

За таа цел оваа пролет решивме да ве мотивираме сите вас, тим лидови, сопственици на мали и големи бизнис да ги засукате ракаквите и да организирате тимска дружба за паметење. За да ви ја олесниме работата припремивме низа зделки по супер цена кои ќе ве поттикнат да го размрдате мозокот, тимскиот дух и да се забавувате заедно со колегите во малку поинаква атмосфера. Read More

Како помина 2018-та?

2018-та беше многу интересна година за Grouper. Во изминативе 365 дена се случија многу повеќе од 365 работи 🙂 Да работиш во Grouper значи динамика, значи пасија, значи брзо темпо значи учење нешто ново секој ден.

Оваа година беше предизвикувачка, турбулентна, прогресивна, со еден збор…Нема еден збор за оваа година! Оваа година Нина стана Forbes30Under30. Во 2018-та го прославивиме 7миот роденден со Златни зделки, го организиравме првиот Онлајн Саем за Мебел, подарувавме Cashback со Mastercard, ги нагостивме гурманите, дониравме храна, повторно откривме нови места низ прекрасната Македонија, се боревме со рекордите за Black Friday, добивме огромно признание за Најдобар Сајт во Македонија за 2018-та, игравме многу тимски игри, МНОГУ МНОГУ тимски игри, работевме многу часови, дознавме многу нови работи.

2018-та ти благодариме за секој ден и за секое ново искуство, 2019-та спремни сме за тебе!

Погледнете што се случуваше во 2018-та!

 

#ЗајакниГоТимот со Grouper! Нова кампања за компании и тимови

“Во 1 час игра можеш да научиш повеќе за човек отколку во една година зборување

Често се прашувам зошто постојат толку студии кои ја истражуваат корелацијата помеѓу среќни вработени и ефикасност, продуктивност и мотивираност на работното место. Мислам дека тоа е само по себе факт. Во канцеларија секоја втора среда имаме #HappyWednesdayTalks кога или ни доаѓа гостин или гледаме видео и го дискутираме. Минатата го гледавме легендарниот Shawn Ancor – “Среќната тајна за подобра работа”, кој што btw зборува подeднакво брзо колку нашата шефица и кој тврди дека тајната за среќна работа е позитивна психологија. 90% од нашата внатрешна среќа не зависи од екстерниот свет туку од тоа како ние ги перцепираме работите. Само 25% од перформансите на вработените се базирани на IQ, 75% се базирани на нивото на оптимизам, поддршката од окружувањето  и способноста да го гледаме стресот како предизвик, наместо како закана!  (Обавезно препорачувам да го изгледате видеово заедно со колегите и шефовите/директорите.)

микрозаймы заявка онлайн Read More