Поинакво after-work дружење: BIZ QUIZ

Има еден интересен нов тренд кој е сé поприсутен во Скопје, а тоа се тимските after-work дружби за тимовите кои вредно работеле во текот на денот! Тимот на Grouper секогаш е за дружба, па станато ни е традиција еднаш месечно да „се видиме“ во кафана со мезе и топено сирење, од време на време да решаваме загатки во Escape Room или да склопиме пикник со грицка и гитари кога ќе расцветаат првите липи.

На токму една од тие after-work дружби и дојдовме до идејата да организираме едно поинакво тимско дружење, од нашиот тим за сите македонски тимови – овојпат во форма за „борба за знаење“! Го крстивме Biz Quiz и стана првиот организиран квиз настан кој е во основа trivia натпревар помеѓу македонските компании! Место каде сите можат да научат нешто ново, да се запознаат со нови луѓе од други компании и едноставно да се забавуваат и да се „тестираат“ колку знаат на овој неколку-часовен after-work.

Првите храбри колеги кои се пријавија и формираа тимови беа од: EVN Македонија, Холандска Амбасада, VIP, Energy Maintenance Solutions (EMS), KEMET, MEDIAGENIX, Sourcico, Машински факултет, Systems for Enterprise и Web Factory!

Read More

Искуството на новодојденец во Grouper тимот

Здраво дечки, јас сум Нена, најновиот член во тимот. Баш затоа што сум нова сите работи кои се случуваа периодов во Grouper ги искусив за прв пат.  А, зошто sharing is caring ќе се потрудам и во иднина повеќето случки да ги преточувам во пишани зборови (приказни) тука на овој блог, како би доловила дел од груперската атмосфера за оние кои сакаат да знаат повеќе.

А и мора да признаеме дека е интересно кога после 5 или 10 години се присетуваме на случки од минатото. Така мислам дека после години години ќе се сеќаваме на роденденскиот квиз кој го креираа Цуре и Лина кои слават роденден во исти ден со Grouper.

Јас како нов член научив многу работи за Grouper и луѓето преку квизот. Така дознав дека на Драгана првиот работен ден и бил 1ви април, па требало да дојде на работа маскирана. А, пак, поттикот за Grouper да се развие во успешен бизнис е благодарение на победата на Нина на изборот за најдобар бизнис план, кога имала само 21 година. Најмногу бодови на квизот носеше прашањето „Која е првата ever зделка на Grouper“, а исто така имаше и предизвици како „Да ja испееш цела На Black Friday сум се заљубил“.

Read More