Travel Tuesday – за сите патувачи и истражувачи!

 

Точно е дека секој ден е перфектен ден за да отпатуваш некаде, но денешниот ден е перфектен ден за да најдеш зделка за патување по најниска цена. Знаеш зошто? Затоа што денес е Travel Tuesday. И секако Grouper и Mastercard се тука да те изненадат 🙂

Read More

Grouper Quiz: Дознај каков патувач си

Веќе знаете дека е во тек кампањата Дестинација Македонија и во канцеларија тоа ни е главна тема, само едно нешто не си кажавме – кои зделки се идеални за нас? Така и ми текна да го направам тестов и сите се смееме на резултатите, кој би рекол дека Вики е „романтичарот”, а Лина од маркетинг „сонувачот”?

Пронајди се во една од реченициве и откриј каков „travel” стил имаш

Read More

Weekend Mania#3 ✈ Патувања по најдобри цени!

Викаат луѓето биле најсреќни во сабота накај 19 часот, што му доаѓа негде на средина на викенд. Како кога си на 5тиот ден од 10 дневен одмор, полувреме од утакмица или до пола добар филм. Знаеш дека има уште, дека ќе биде добро и сé може да се случи!

Епа Груперци, Weekend Shopping Mania е баш на пола, стигнавме до 3тиот од 5 викенд акции. Дека на сите на им се допадна викенд лудилото, видовме од вкупно купените 3600 купони за време на супер штедливиот 99 shop и атрактивниот Best of Grouper викенд! Вака загреани, разработени и разбудени, ја подготвуваме третата Weekend Mania, посветена на една од вашите омилени категории!

3та среќа на Grouper викендите: Weekend Mania#3 – Патувања! Read More

10те најубави грчки острови!

Лето. Море. Плажа. Одмор! Големата летна одлука е која дестинација да се посети оваа година. Некои одбираат веќе проверено и посетено место за одмор, додека некои сакаат да посетуваат различни дестинации секоја година. Секој со своите желби и преференции. Ако веќе се вративте од летниот одмор, на здравје нека ви е, а ако сте помеѓу оние кои допрва ќе одат и бираат дестинација еве сме ние да ви помогнеме со предлози. Read More

Запознај ја Македонија како што ја знаат странците

Веруваме дека сте во тек со нашата прекрасна кампања “Доживеј ја Македонија” која има за цел да ги доближи до вас убавините на Македонија преку одличните зделки за различни дестинации по Grouper цени. Кампањата започна пред неполни 2 недели, а веќе имаме објавено над 40 зделки преку кои се продадени над 400 купони. Најголем број од доживувачите ги одбраа Берово, Крушево и Кочани, а адреналинските души одбраа да јаваат коњи на Галичник или да летаат со параглајдер од Скопска Црна Гора или Прилеп. Read More

Доживеј ја Македонија со Grouper!

Сакате да патувате и истражувате нови места? Сакате да се чекирате на локации со идилични пејзажи? Да уживате во вкусна селска пита со сирење и кисело млеко? Или сакате да ја сликате питата и да ја споделите на Instagram? – Супер! Тогаш сигурно ќе ве интересира што имаме да ви кажеме… Read More

Најдобрите летни дестинации во регионот

Малку закаснето, но сепак стигна добро познатото скопско лето, а со тоа сигурни сме дека и паметот на повеќето од вас ви лета некаде покрај море, на убава плажа со освежителен пијалок во рака. Затоа подолу издвоивме неколку топ дестинации за летен одмор, кои можете да ги најдете на grouper.mk по најдобри цени. Знаеме дека нема да ви биде тешко да одберете зделка по ваша мерка, туку потешко ќе ви биде да одлучите која да ја купите 🙂 Read More