Травел Балкан – најголема кампања за патувања на Grouper!

Официјално ја прогласуваме за отворена. 

Ако си од оние луѓе кои за авантура не им е неопходна авионска карта, знаат да уживаат во добра храна, позитивна енергија, чувството како да си дома, потајно сакаат да си дозволат неконвенционални доживувања и секогаш се спремни за нови искуства, тогаш имаме одлична понуда на менито… онака баш како за тебе! 

Оваа пролет, ја започнуваме приказната – “Травел Балкан” или најголемата кампања во категорија – Патувања која се организира за да го поддржи и промовира туризмот на Балканот 🧳

Искрено, после долга интерна борба не успеавме во мисијата да останеме “незаразени” од магијата и шармот на патувањата и приказните кои одат рака под рака со убавината, недопрената природа, вкусната балканска храна и авантуристичките искуства кои ги нуди Балканот. 

Па затоа, решивме да не одиме наспроти себе и целосно се “опуштивме” со подготвување на богата понуда на патувања низ одбрани места во Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора 🗺️

Read More

Најдобрите летни дестинации во регионот

Малку закаснето, но сепак стигна добро познатото скопско лето, а со тоа сигурни сме дека и паметот на повеќето од вас ви лета некаде покрај море, на убава плажа со освежителен пијалок во рака. Затоа подолу издвоивме неколку топ дестинации за летен одмор, кои можете да ги најдете на grouper.mk по најдобри цени. Знаеме дека нема да ви биде тешко да одберете зделка по ваша мерка, туку потешко ќе ви биде да одлучите која да ја купите 🙂 Read More