20190204_212650

Искуството на новодојденец во Grouper тимот

Здраво дечки, јас сум Нена, најновиот член во тимот. Баш затоа што сум нова сите работи кои се случуваа периодов во Grouper ги искусив за прв пат.  А, зошто sharing is caring ќе се потрудам и во иднина повеќето случки да ги преточувам во пишани зборови (приказни) тука на овој блог, како би доловила дел од груперската атмосфера за оние кои сакаат да знаат повеќе.

А и мора да признаеме дека е интересно кога после 5 или 10 години се присетуваме на случки од минатото. Така мислам дека после години години ќе се сеќаваме на роденденскиот квиз кој го креираа Цуре и Лина кои слават роденден во исти ден со Grouper.

Јас како нов член научив многу работи за Grouper и луѓето преку квизот. Така дознав дека на Драгана првиот работен ден и бил 1ви април, па требало да дојде на работа маскирана. А, пак, поттикот за Grouper да се развие во успешен бизнис е благодарение на победата на Нина на изборот за најдобар бизнис план, кога имала само 21 година. Најмногу бодови на квизот носеше прашањето „Која е првата ever зделка на Grouper“, а исто така имаше и предизвици како „Да ja испееш цела На Black Friday сум се заљубил“.

(more…)

Прочитај Повеќе

blog

Weekend Educational Courses – online едукација со најниски цени!

Ако мислевте дека големото Weekend Shopping лудило заврши, brace yourself за уште едно груперско доживување по неодоливо ниски цени и екстремно високи попусти.

Како огромен поддржувач на знаењето, науката, учењето и новите вештини, Grouper ја смисли темата за овој викенд! Овој викенд е за умните глави, за ненаситните од знаење, за оние што знаат дека учењето е ин, знаењето е моќ, а smart is the new sexy!  

(more…)

Прочитај Повеќе