3, 2, 1 СТАРТ! Скопје Гурман се враќа на голема врата!

После пауза од 3 години, нашата омилена кампања (шшш, не кажувај на другите кампањи) #СкопјеГурман се враќа на голема врата со угостување на ТОП скопски угостителски објекти на едно место, во еден град, во еден месец.

Логично, се прашуваш кај беше Скопје Гурман изминатиов период? Нашиот омилен Гурман изминатиов период беше на гастрономска мисија низ светот со фокус на – откривање на нови места, уживање во старите добри вкусови како и дегустација на нови рецепти, специјалитети и искуства кои живот значат.

Епа дечки, еве го, најпознатиот Гурман конечно се врати во неговиот роден град со најверојатно најдобрата гастрономска понуда во главниот град, понуда која на своето мени нуди иновативно-креативна промоција на специјално селектирани скопски угостителски објекти. Кампања за сечиј вкус, кампања за сечиј џеб. 

Океј, ајде да преминеме на главните информации кои треба да ги знаеш за Скопје Гурман, а пред тоа слободно ѕирни во Скопје Гурман 2023!


СТАРТ – 5 октомври
КРАЈ – 15 ноември


Месец октомври го посветуваме, претвораме и промовираме како месец на храната, месец во кој можеш слободно да откриваш нови места, вкусови и рецепти, да го јадеш омилениот специјалитет и/или да пробаш тоа што си сакал да го пробаш уште од мали нозе на попуст… сериозен попуст!

Во превод, следи месец во кој готвењето по дома го ставаш на ПАУЗА и одиш во посета на ТОП скопски локали на дегустација на разновидна домашна и интернационална кујна по најниски цени кои можеш да ги замислиш.


НАЈБОГАТО ГУРМАНСКО МЕНИ

Скопје Гурман или најголемиот гурмански водич во Скопје ќе понуди внимателно скроено и селектирано мени со гурмански зделки за сечија душа. Каде? Во ТОП скопски ресторани, локали, барови, пицерии, кафани, fast food места… кои специјално за тебе ќе понудат вкусни, сочни и уникатни рецепти на промотивен мега-гига попуст! Што има денес на менито? Скопје Гурман, се подразбира!


ГЛАСАЈ ЗА НАЈДОБРИТЕ ЛОКАЛИ

Што да очекуваш од Скопје Гурман? Дефинитивно врвна услуга и квалитетна храна, бидејќи сите локали ќе се борат за титулата – Омилен локал на гурманите во 8 различни категории.

Ќе се гласа во следните категории

  • најдобрo месо & BBQ; 
  • најдобaр бургер;
  • најдобра пица; 
  • најдобар сендвич; 
  • најдобра салата; 
  • најдобро азиско и ориентално;
  • најдобра паста & рижото и
  • најдобар десерт

Знаејќи го горниот факт, драг гурман ти препорачуваме будно да не следиш за повеќе информации и не заборавај дека од 10.10 ќе можеш да гласаш за твојот омилен локал во различни категории и најсреќните ќе добијат ноќевање за двајца + СПА во Хотел Tино, Св. Стефан, Охрид. Дај го својот глас на твојот локал-фаворит да ја добие титулата што ја заслужува. 


Ако сакаш да дознаеш кои ресторани ќе земат учество, тогаш провери тука.


СТАНИ VIP MASTERCARD ГУРМАН И ОСВОЈ ВРЕДНИ ПОДАРОЦИ

Купувај што повеќе зделки од #СкопјеГурман со Mastercard картичките, рангирај се во првите 10 Гурмани и добиј вредни подароци! Во текот на кампањата очекувај есктра попусти за сите Mastercard корисници. Оди па не се бори да станеш VIP гурман да те видам!


ОСВЕЖИ СЕ СО СКОПСКО!

Добиј екстра попуст на твоето омилено пиво со секој купен ваучер за храна во локалите-учесници на Скопје Гурман. Не се јаде на суво!


haPPy CARD

Добиј 10% cash back при секое купување со твојата НЛБ haPPy платежна картичка за зделките од Скопје Гурман. Ем јадеш, ем штедиш!


ХРАНА ЗА СИТЕ!

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, донираме 2 денaри на оние на кои им е најпотребно. Храна за тебе = храна за сите!


ИЗНЕНАДУВАЊА

Oние кои го следат и знаат Grouper, повеќе од јасно им е дека ниедна наша кампања не поминува без изненадувања! Затоа, внимателно следи нé и подготви се за возбудливо и вкусно гурманско патување!

Како за крај, драг гурман, прави што ќе правиш, месец октомври ти е резервиран за гурманско патување низ топ локали во Скопје. Кај и да си, во октомври на Скопје Гурман да си!

Развесели кафана – Grouper и Пивара Скопје во поддршка на рестораните!

Во ова чудно и неизвесно време секој од нас размислува за работите кои му значат, што е она што му недостига и што прво ќе направи кога ќе заврши целава ситуација со пандемијата.

Дефинитивно она што ни значи на сите, се нашите блиски луѓе, човечкиот контакт, споделените насмевки и прегратки и заедничките искуства за кои вреди да се живее.

Read More