Weekend Mania#3 ✈ Патувања по најдобри цени!

Викаат луѓето биле најсреќни во сабота накај 19 часот, што му доаѓа негде на средина на викенд. Како кога си на 5тиот ден од 10 дневен одмор, полувреме од утакмица или до пола добар филм. Знаеш дека има уште, дека ќе биде добро и сé може да се случи!

Епа Груперци, Weekend Shopping Mania е баш на пола, стигнавме до 3тиот од 5 викенд акции. Дека на сите на им се допадна викенд лудилото, видовме од вкупно купените 3600 купони за време на супер штедливиот 99 shop и атрактивниот Best of Grouper викенд! Вака загреани, разработени и разбудени, ја подготвуваме третата Weekend Mania, посветена на една од вашите омилени категории!

3та среќа на Grouper викендите: Weekend Mania#3 – Патувања! Read More

СТАРТ ➡️️ Weekend Shopping Mania #1

 

“Што ден сме денес, уште колку има до викенд?” “Кај ќе одиш викендов, ќе шеташ негде?” “Викендов времето ќе биде топ, ај да правиме нешто!” “Убав викенд дечки, се гледаме во понеделник!”

Викенд, викенд, викенд!

Самиот збор носи радост, очекување, возбуда и среќа! Викендот е како сладолед, како љубов, музика, одмор, шопинг, подарок, топол леб, Grouper, добар филм, добра журка… Не може да не го сакаш! За викенд се случуваат најдобрите работи и се создаваат најдобрите спомени. Почнувајќи од петочки after work, журка со другарите, прошетки во парк и на шопинг, кафе, спортување, планинарење, дотерување, прошетки на Водно и Матка, трчање на кеј, цело семејство на ручек на куп, патување, спиење и слобода! Ах како не е секој ден викенд. Read More

Подаруваме! 2 викенд патувања за Море & Планина!

Ние во Grouper подеднакво ги сакаме и морето и плажата, и снегот и планината,  и летото и зимата! Секогаш се трудиме да понудиме патувања за сечиј вкус, а секако по најдобри цени за секој од вас да може да ужива на локација и хотел по сопствен избор, вкус и желби.

Подарувањето ни е слабост па овој пат за вас имаме 2 ВИКЕНД ПАТУВАЊА! Го затвараме летото со викенд патување на море во Грција и ја отвараме сезоната на планината со викенд во Банско. Read More

Месец на убавина: Викенд изненадување #3

До сега во текот на Месец на Убавина и Релакс преку првото и второто викенд изненадување доделивме 10 подароци за убавина преку нашата Facebook страна и едно патување за Грција преку купени зделки за убавина за време на викенд! Сеуште не држи манијата на подарување и со задоволство ви го најавуваме Викенд Изненадувањето #3!

Read More

Месец на убавина: Викенд Изненадување #1

Како што веќе ви најавивме во претходниот блог пост по повод Месец на Убавина & Релакс цел јули покрај зделки за убавина и релакс ќе биде исполнет со многу викенд изненадувања и подароци. Изненадувањата ќе ги откриваме насекаде > на блогот, на социјалните мрежи (FBInstagramTwitter, Snapchat)…

Read More