Weekend Mania #5 ➡ Комбо пакети!

Епа драги наши Групери, се ближи крајот на шопинг лудилото наречено Weekend Mania! Сите до сега го следеа златното викенд правило “Кај и да си, за викенд на Grouper да си” и по 4 викенди подоцна, се продадоа над 6000 купони  и се поттикнаа двојно повеќе викенд насмевки!

Првиот викенд сите уживаа во Grouper продавницата наречена “сé за 99 ден.“, вториот Best Of викенд царуваа јаките брендови и најпродаваните зделки по специјални викенд цени, третиот викенд ве пративме на патување со најголем попуст, a Велигденскиот односно 4тиот викенд од ова лудило беше all about попуст на попустот со супер викенд зделки и поголем попуст од вообичаено, и тоа цел празничен викенд од 4 дена!

Read More

Weekend Mania#3 ✈ Патувања по најдобри цени!

Викаат луѓето биле најсреќни во сабота накај 19 часот, што му доаѓа негде на средина на викенд. Како кога си на 5тиот ден од 10 дневен одмор, полувреме од утакмица или до пола добар филм. Знаеш дека има уште, дека ќе биде добро и сé може да се случи!

Епа Груперци, Weekend Shopping Mania е баш на пола, стигнавме до 3тиот од 5 викенд акции. Дека на сите на им се допадна викенд лудилото, видовме од вкупно купените 3600 купони за време на супер штедливиот 99 shop и атрактивниот Best of Grouper викенд! Вака загреани, разработени и разбудени, ја подготвуваме третата Weekend Mania, посветена на една од вашите омилени категории!

3та среќа на Grouper викендите: Weekend Mania#3 – Патувања! Read More

Weekend Shopping Mania #2 – Best of Grouper!

Weekend Shopping Mania започна баш лудо, еуфорично, манично и весело како што очекувавме! Супер зделките – сè за 99 ден ги заинтригираа сите Груперци и секој брзаше да се поднови со симпатичен и корисен производ, да си најде масажа, фенирање, куглање или да се почасти со вкусна лапачка по непобедлива и неповторлива цена!

Grouper, креативен и вреден како секогаш, се гордееше на успешната акција, на продадените 1823 купони и на задоволните корисници, па ги засука ракавите да подготви нова Weekend Mania и да ги натера Груперци едваааааааај да го чекаат наредниот викенд  (#којнесакавикенд). 5 викенди по ред се ветени, ветување си е ветување! 🙂

Се мислевме, се договаравме и одлучивме овој викенд да биде баш НАЈ! Овој викенд од 01.04 – 2.04.2017 (зделките почнуваат од 00:00!) го прогласуваме за THE BEST OF GROUPER викенд, или најдоброто од нас, со најпосакуваните, најпродаваните и најбараните зделки од најквалитетните Grouper соработници и нормално по најекономична и ниска цена и најголем попуст!

Тука ќе може да најдете дел од зделките за кои сите зборуваа, а вие ги пропуштивте, или пак толку беа добри што ги сакате пак, или пак нешто ново на кое е тешко да се оддолее. Нешто како златна зделка, ама само 48 часа! Read More