Топ 5 team building предизвици за силен тим!

Развивањето на чувство на единство во еден тим или меѓу тимови во една компанија е одличен начин да се зголеми продуктивноста. А реално еден од најдобрите начини да се постигне и развие ова чувство е преку различни тимски активности и предизвици. Тимот што добро функционира заедно, е секако попродуктивен, поуспешен и посилен. Дополнителен бенефит од ова е и зголеменото чувството на среќа на работното место. Плус, докажано е дека креирањето на здрава врска и комуникација меѓу членовите на тимот допринесува до она добро чуство на “достигнување”. Read More

Black Friday [23.11.2018] – Возможна Мисија

„Секогаш изгледа невозможно додека не е направено“.

Ние во Grouper сакаме да веруваме дека не постојат невозможни мисии.  ДА, возможен е попуст до 90% и преку 1.000 зделки. ДА, возможни се над 140.000 дневни посети на сајт, над 27.000 продадени купони за една недела и возможно е овие бројки да бидат надминати затоа што ние веруваме во нашите соработници, веруваме во сите вас и во чудото наречено Black Friday. Read More

Тим билдинг игра т.н. “Војниците на Самоил”

Одењето на тим билдинг патувања некако ни е традиција и тоа не еднаш туку два пати годишно, и зима и лето (а разлислуваме да поднесеме предлог закон за задолжително организирање тимски дружења на 2 месеци). Накратко, тоа се одлично испланирани три дена каде 24h ги зајакнуваме, градиме или доградуваме нашите пријателски односи и колегијални врски, каде со сигурност ги запознаваме сите неоткриени таленти на нашите колеги (посебно поттикнати од мастерот т.н алкохол), каде се раѓаат најдобрите out of the box идеи, се шират шеги што се користат до следната дружба и секако како што и самото име кажува задолжителното ги “билдаме” стомачните мускули од смеа 🙂 Read More

4тата роденденска Grouper приказна

Како што повеќето од вас знаете и сте забележале, покрај тоа што напорно работиме, сакаме да славиме и да се веселиме, секако уште повеќе кога има убав повод. Затоа традиционално секој Јануари, 4 години по ред го прославуваме роденденот со отворени забави на кои уживме во Вашето огромно присуство, од Вас корисниците и соработниците.

Read More