Храна за тебе = Храна за сите 💗

Веќе месец дена и некој ден се грижиме за граѓаните и посетителите на главниот град да бидат најадени и задоволни со најголемата гурманска кампања за храна во градот – #СкопјеГурман!

Со 30+ вкусни зделки во 30+ специјално селектирани локали, во изминативе 30-40 дена Скопје беше претворено во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Пробај сега, вкуси го градот“. 🤗

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации!

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, донираме 2 денaри на оние на кои им е најпотребно! 🫶

Вкупната сума ќе биде донирана во Здружението За Тебе на Цеце Николова –  здружение за помош и поддршка на млади во социјален ризик – лица кои до 18 години имале статус на деца без родители

Ова е нова, мала организација предводена од млада девојка која и самата растела без родители. Се работи за самофинансирано здружение коешто функционира исклучиво со донации и грантови. Со оваа донација покрај тоа што ги поддржуваме жените и нивните бизниси, истовремено директно помагаме и дејствуваме врз младите лица од маргинализирана категорија.

Хуманоста која всушност и треба да е дел од сите нас, секогаш била дел од мисијата и визијата на Grouper! 

Во минатото готвевме за бездомните лица заедно со #РетвитниОброк, дониравме подароци и насмевки на дечињата од онкологија и неврохирургија, организиравме интерни иницијативи за собирање на храна, облека и најразлични акции кои не сме ги објавиле јавно… приказната не застанува тука!

Фала ти што беше хуман/а, се најаде на попуст и донираше за најзагрозените! 
Со љубов,
тимот на Grouper 💌

Топ 10 подароци за девојки под 1.000 денари!

Да се одбере идеален подарок за жена е секогаш вистински предизвик. Бидејќи знаеме дека идеите се секогаш добредојдени, направивме избор од најинтересните подароци кои чинат до 1.000 денари и можете да ги купите онлајн!

Read More

9 причини зошто да подарите купон за 8ми Март?

Секој купува подарок за 8ми Март, бидејќи секој сака да подари внимание на една од своите сакани дами. Сите имаме мајка, или сестра, или пријателка, или тетка, или баба, или девојка, сопруга, колешка, вереница, комшика па и љубовница 🙂 Нема шанси да поминете без најмалку еден подарок, а бројот може да се зголеми со геометриска прогресија во зависност од жените кои ве опкружуваат.

Прашањето е како да им посветите еднакво внимание на сите, без многу потрошено време, а сепак сите да добијат специјално одбран подарок? Со Grouper купон! Проследете ги 9те причини зошто е одличен избор да подарите купон за 8ми Март:

Read More