“Во 1 час игра можеш да научиш повеќе за човек отколку во една година зборување”
Често се прашувам зошто постојат толку студии кои ја истражуваат корелацијата помеѓу среќни вработени и ефикасност, продуктивност и мотивираност на работното место. Мислам дека тоа е само по себе факт. Во канцеларија секоја втора среда имаме #HappyWednesdayTalks кога или ни доаѓа гостин или гледаме видео и го дискутираме. Минатата го гледавме легендарниот Shawn Ancor – “Среќната тајна за подобра работа”, кој што btw зборува подeднакво брзо колку нашата шефица и кој тврди дека тајната за среќна работа е позитивна психологија. 90% од нашата внатрешна среќа не зависи од екстерниот свет туку од тоа како ние ги перцепираме работите. Само 25% од перформансите на вработените се базирани на IQ, 75% се базирани на нивото на оптимизам, поддршката од окружувањето и способноста да го гледаме стресот како предизвик, наместо како закана! (Обавезно препорачувам да го изгледате видеово заедно со колегите и шефовите/директорите.)
Како член на тимот Агенти за продажба, секојдневно се среќавам со сопственици на бројни бизниси и моите сознанија се дека најголем проблем на сите компании им е наоѓање на соодветен кадар. Без разлика на индустријата! Рестораните немаат келнери, логистичките компании немаат доставувачи, салоните за убавина немаат козметичарки, маркетинг компаниите немаат дијзанери, софтверските компании тешко наоѓаат програмери и така сите индустрии во зачарениот круг на барање добри вработени. А кога ќе ги најдат посакуваните работници соочени се со нов предизвик – “вредните вработени напуштаат”.
Епа кампањата која ја спремавме со многу возбуда и желба го адресира токму ова прашање – придонесување кон посреќен и помотивиран тим! Кога зборуваме за задржување на вработените зборуваме за креирање на среќна компанија, убаво место за работа, мотивирачка средина – работно место во кое напорната работа и труд се препознаени и наградени. Многу пријатели со кои имам разговарано кои напуштиле работно место како причина број 1 не ја наведуваат платата и било што поврзано со финансии туку работната околина, мотивацијата, колегите, интерперсоналните односи и сл.
ОК ајде да сумираме: НОВА КАМПАЊА #ЗајакниГоТимот
Зошто: За да ги поттикнеме компаниите од било која големина и индустрија да организираат барем една тимска активност во месец Септември во која сите вработени ќе уживаат.
Што: Специјални зделки наменети за тим билдинг активности од outdoor спорски активности како едрење, кајак и стрелање со пиштол до логички игри и уживање во спа центар.
Кога: 29.08.2018 (среда афкорс)
Како: Си бирате активност адекватна за вашиот тим (гледате детали во зделката: времетраење, што поттикнува, за колку луѓе е), купувате купони, закажувате, се дружите и ни праќате абер како ви се допаднало (може и слика)
И секако не е идејата ова да го направите само еднаш во годината. Вклучете организирани тимски активности во вашиот годишен план (покрај едно годишно тим билдинг патување) кои ќе ги реализирате од време не време (на пример еднаш во 2 месеци).
П.С – И најважно дека се што препорачувам погоре ние во Grouper го практикуваме. Обожаваме тимски игри, сме ги пробале речиси 80% од понудените во кампањава, а надвор од нив еве како се забавувавме со една тимската игра на плажа “Војниците на Самоил” или за отварањето на Недела на храна со тимот на Grouper.
П.п.с Ако на шефот не му текнува пишете ни нас и ние ќе му пратиме “newsletter” да направиме inception на идејта место тебе.
Со љубов и тимска позитива,
Ивана од Агентово