Многу луѓе кои ме познаваат се убедени дека не постои некој во земјава што повеќе го сака овој празничен период од годината од мене. А кога љубителот на игри и изненадувања во мене ќе се спои со љубителот на празници доаѓаме до моето омилено–празнични тимски игри. Secret Santa ни е традиција веќе 5 години, а сé повеќе компании ја практикуваат и кај нас како игра за подарување чија цел е да покажеш колку го знаеш колегата на кој си му “Таен Дедо Мраз”.
За оние кои не ја играле Secret Santa функционира на следниот начин:
- Секој колега добива друг колега по случаен избор на кој му е Таен Дедо Мраз (ние за тоа ја користиме оваа апликација – се внесуваат сите колеги и кога сите ќе се приклучат, на секој член му стига името на кого треба да му купи подарок)
- Сите колеги купуваат подарок за својот човек и ги оставаат скришно во вреќата под елка (на подарокот го пишува името за кого е поклонот)
- Се собирате сите заедно на отварање поклони
Ако сакате да воведете повеќе елементи на игра, (како ние) еве кои дополнителни правила ги практикуваме:
- Лифчето со името на подарокот треба да е печатено со одреден фонт што сме го обрале (да не е на рака за да не се препознае ракописот)
- Кога отвараме подароци, имаме еден водител (Цуре е кај нас секоја година), ги чита еден по еден сите и доделува поклони
- Еден по еден отвараме поклони и лицето што отвара има 3 обиди да погоди од кого му е поклонот (сите други се неутрални) и не се кажува одма дали го подогил
- Еден е елф записничар и на табла пишува кој кого посочил дека му е Secret Santa
- Кога сите ќе ги отворат поклоните и кажале по 3ца од кого мислат дека му е поклонот одиме еден по еден и прозиваме во стил “Елена дали ти го купи поклонот на Драгана” итд.
- Победник е тој што погодил од прва, а ако има повеќе такви тој што бил повеќе пати спомнуван во играта т.е другите колеги го кажувале најмногу кога кажувале од кого им е поклонот.
И оваа година, 5та по ред игравме Secret Santa како увертира на предновогдишната тимска прослава, ама покрај ова, имавме и Upgrade со нова игра за подарување.
Новата празнична игра нема име (или барем јас не и најдов). Кога веќе ни беше закажана Secret Santa ја дознав од сестра ми која ја играла со колеги во Холандија и бидејќи не ми се чекаше до следната година решив да биде овогодишеншиот компаниски Surpise. Играта е едноставна, потребни се подароци и 2 коцки. Еве како функционира…
Прв круг
- Секој колега купува по 1, 2 или 3 подароци во XXX определен буџет. (кај нас бидејќи беше изненадување за тимот, Grouper беше Дедо Мраз и купи 30 различни подароци), ги пакува како сака и ги носи на денот на размената на подароци.
- Сите поклони се ставаат на еден куп и започнува играта.
- Еден по еден во круг секој член врти 2 коцки. Ако му се паднe барем една 6ка си бира поклон од купот.
- И така натаму кругот оди додека не се истрошат сите подароци од масата.
- Кругот завршува кога се потрошиле сите подароци и евенутално некој ќе заврши со 3-4 подароци кај себе, а некој без ниеден.
Втор круг (тука почнува интересното):
- Се става тајмер на 15-20 мин (колку сакате) и еден го прати тајмерот.
- Сите почнуваат пак по ред да вртат и ако се падне шеска, му земаат некој од подароците на било кој од колегите кој има над 1 подарок. (ако има само еден не смее да му го земат).
- Играта завршува кога ќе заврши тајмерот.
На крајот од играта сите завршуваат со барем 1 подарок. Некои среќници со многу свртени шестки кај нас завршија со по 4 и 5 подароци. После сите си ги отвараат подароците да видат што добиле.
За да е појасно и да ја видите енергијата и смеењето што го предизвикува играта, го документиравме цел процес и склопивме едно видео.
Среќни празници, уживајте, сакајте се, подарувајте, изненадувајте
Со многу празнична енергија и љубов,
Нина